Пронајден редок, добро сочуван крзнен носорог во Русија, стар над 32.000 години

Во близина на реката Тирехтјах, во автономната област Јакутија во Русија, пронајден е труп од исклучително добро сочуван влакнест крзнен носорог. Замрзнатиот труп е стар повеќе од 32.000 години. Прочувањето го изврши тим научници предводени од Генадиј Боескоров од Геолошкиот институт за дијаманти и скапоцени метали.

Старо околу 32.400 години, ова суштество е наречено „Абиски носорог“. Наодот им даде на научниците уникатен увид во минатото, оти многу делови од меките ткива, кожата и волната на носорогот биле всушност недопрени во вечниот мраз. Неговото кратко, светло-бојно крзно покажува дека се работи за младо-угинато животно старо, со возраст од околу четири и пол години.

Крзнениот носорог научно наречен „Coelodonta antiquitatis“, постоеле милиони години до нивното истребување пред околу 10.000 години. Тоа било големо животно со два рога што живеело во подрачјето Евроазија, особено Сибир, за време на плеистоценот. Овие носорози биле цицачи и јаделе растенија. Овие суштества живееле заедно со крзнените мамути во леденото доба - како втори по големина животни во својот екосистем.

И покрај нивниот голем број во праисторијата, пронајдени се само неколку добро сочувани единки.

Можеби најизненадувачкото откритие е дебелата грпка на грбот на новопронајдениот носорог. Оваа „анатомска особеност“ никогаш досега не била видена кај крзнените носорози. Присуството на слични масни наслаги кај крзнените мамути укажува дека тие служеле за изолација или складирање енергија.

Истражувањата и прочувањето на волната откриле траги од водени болви и паразитски ракови кои исто така изумреле во областа.

Во Тајланд убиени 125 крокодили за да не избегаат во поплавите

Фарма за слатководни сијамски крокодили во Тајланд, во областа Ламфун, усмрти 125 од овие влекачи, поради страв дека може да избегаат во поплавите во земјата и да го загрозат населението, според сопственикот на тоа чувалиште.

Сијамскиот крокодил може да порасне и до три метри. Се работи за ендемичен вид во Југоисточна Азија којшто е критично загрозен во дивината.

- Дождот ги еродираше ѕидовите на фармата и, за жал, моравме да убиеме 125 крокодили коишто ги одгледувавме 17 години... Контактирав и со властите за да ги сместиме овие влекачи во привремено засолниште додека трае поплавата, но барањето беше одбиено бидејќи животните биле преголеми, изјави сопственикот Натапак Хумкад.

Одгледувачот рече дека тој и неговите вработени ги убивале крокодилите со струја за да ги спречат да избегаат и заталкаат по селата, и слободно да ги напаѓаат селаните и добитокот.  

Ајкули на брегот на Бразил позитивни на кокаин

Тестирањето на ајкулите во близина на брегот на Бразил открило дека тие се позитивни на кокаин. Научниците стравуваат дека тоа ќе доведе до промена во нивното однесување.

Биолозите тестирале 13 ајкули од крајбрежните води во близина на Рио де Жанеиро и откриле дека сите единки имаат високо ниво на кокаин во мускулите и црниот дроб, пишува британски „Телеграф“.

Откриените концентрации на кокаин се до 100 пати повисоки од оние претходно откриени кај други морски животни.

Популарно