Прегазил старец на велосипед и избегал од местото на настанот

На 21.09.2024 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед, управуван од В.Б.(73) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.

По несреќата, велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците

Горди сме што Бошњачката заедница има свој празник којшто достоинствено се прославува и придонесува за промоција на нејзината историја и на културните традиции кои се составен дел од македонското општество, истакнува претседателката Гордана Сиљановска Давкова  во честитка до припадниците на бошњачката заедница, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Соживотот во нашата татковина, посочува претседателката, е резултат на почит, уважување и солидарност. Да не дозволиме овие вредности да бидат загрозени и нарушени, и да продолжиме да работиме на напредокот и на благосостојбата на нашата заедничка татковина.

- Предизвиците со кои се соочуваме како држава нè тангираат сите и тие не бираат пол, религија, етникум. Сите сме под исто небо.Обединети да ја оствариме визијата за нашата татковина, како демократска, правна и развиена држава. Нека ни е честит празникот, се наведува во честитката.

Емотивно е врзан - Скопјанка бара помош да се пронајде велосипедот на лице со деменција

На социјалните мрежи утрово се појави апел за помош да се пронајде изгубениот велосипед на повозрасен скопјанец кој страда од деменција, а емотивно е врзан со ова свое превозно средство.

- Ве молиме за помош добри луѓе. Имаме сериозен проблем. Возрасно лице со доза на деменција тргнал сам на лекар со велосипед кој според негово кажување му се расипал и го заклучил со ланец за некој метален столб. Тој се врати дома. Локацијата каде е велосипедот не умее да ја каже. Велосипедот е години стар без некоја висока вредност, но човекот е емотивно врзан за истиот и според однесувањето се менува неговата состојба. Локацијата би требало да е некаде во реонот на стар Аеродром во овој реон. Велосипедот е Max женски модел - бел со розеви цветови. Ве молиме доколку го видите да ни јавите. Ви благодариме, се наведува во апелот за помош од секој добронамерен жител на Скопје кој можеби ќе го види некаде овој велосипед.

Инцидент во Аеродром: Со дрвен предмет нападнал сосетка, па потоа ги нападнал и полицајците

Инцидент се случил вчеравечер во скопски Аеродром.

Како што соопштија од полицијата, вчера во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Н.Ц.(50) и С.М.(49) затоа што на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што претходно С.М. физички и со дрвен предмет ја нападнала соседката С.Х.(37).

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, додаваат од МВР. 

Популарно