Момците од “Фидбек бенд” во своите редови доведоа нов пејач: “Се договоривме за пет минути”

Момците од познатата музичка група “Фидбек бенд” преку социјалните мрежи ја известија својата публика дека од неодамна имаат промена во нивниот состав.

Имено тие и нивниот довчерашен член, односно пејач,  решија да ја прекинат соработката и секој да продолжи понатаму во кариерата.

Меѓутоа момците од групата не губеа многу време, па во своите редови и официјално го донесоа познатиот пејач Александар Тасевски, кој пак позади себе има богата музичка историја. 

“Почитувани, со огромно задоволство ви ја објавуваме новата етапа во нашата музичка приказна! Нашиот бенд започнува соработка со исклучително талентираниот пејач Александар Тасевски, кој од денес официјално е дел од нашиот тим. Подготвени сме да ви понудиме нешто ново, модерно и уникатно. Доаѓаме со уште повеќе емоции и полна енергија заедно со нашиот нов член.  Со почит FEEDBACK BAND” - стои во соопштението кое го објавија членовите на музичката група. 

Своето задоволство од новата соработка не го криеше ниту Александар Тасевски, кој истакна дека му претставува голема чест што добил покана да биде дел од “Фидбек Бенд”.

“Се договоривме за нецели пет минути со новите колеги. Тоа значи дека уште во старт имаме исти ставови, исти цели и тоа посебно ме радува. Се надевам и верувам во една успешна и долга приказна” - изјави пејачот Александар Тасевски.

Тие веќе ги направија првите заеднички проби, а веќе се закажани и првите настапи. Исто така важно е да се напомене дека Александар и “Фидбек” во моментов работат и на новите “кавер” песни, а на крајот на јануари ќе ја промовираат и нивната авторска песна.

Работилница за ментално здравје: Стратегии за поуспешни и посреќни тимови на 30.1.2025

KARIERA.mk со задоволство го најавува првиот настан за новата 2025 година како дел од големата кампања за ментално здравје која ја започнуваме уште сега на крајот на оваа година. Овојпат, фокусот е ставен на тимовите и улогата на нивното ментално здравје како приоритет за создавање здраво (опкружување) работна средина.

На 30 јануари 2025 во Скопје, ве покануваме на еднодневна работилница со две докажани експерти на овие популарни теми

  • Розалија Секулоска, магистер психолог и психотерапевт
  • Цветанка Штерјова Бурзевска, психолог и гешталт арт психотерапевт

Во текот на работилницата, ќе разговараме за стратегии како:

✔️ Човечноста да стане водечки принцип во секојдневната работа

✔️ Да изградите тим кој ќе биде отпорен на стрес

✔️ Да создадете динамика на работа базирана на разбирање и соработка а притоа да може да спроведувате и соодветни техники на наградување и казнување

✔️ Како полесно да успееме да ги пребродиме потешкотиите во нашиот кариерен ангажман без притоа силно да влијаат на нашите приватни животи?

И уште многу популарни теми на агендата за кои ретко зборуваме а секојдневно ни создаваат потешкотии во нормалнато функционирање!

✨ Ставете го вашето ментално здравје и менталното здравје на вашиот тим во преден план!

Ова е настан кој ќе внесе позитивни промени – не само за вас, туку и за вашите колеги и тимови.

📍 Скопје

📅 30.01.2025

🎟️ Early Bird цена: 3.000 денари + ДДВ

📩 Обезбедете го вашето место ТУКА.

Не чекајте – направете го првиот чекор кон поддржувачка и посреќна средина! 🌱

Успешно реализирана HR работилницата Proven HR Strategies that really work, or dont?! предводена од Kaltrina Lloncari

На ден 25.10.2024 год. во Хотел Панорамика се одржа HR работилницата предводена од Kaltrina Lloncari сениор HR партнер во Mercedes Benz во организација на KARIERA.mk  

На работилницата се разгледуваа практики за регрутирање, процеси за onboarding и интеграција на новите вработени, стратегии за задржување и развивање на врвни таленти, практики за мониторирање и поддршка на вработените кои работат на далечина или хибридно, како и програми за благосостојба и ментално здравје. Ова се само некои од интересните теми од светот на HR кои беа опфатени.

Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Sinceritas, CBS Consulting, Magna, Nova High School, Alkaloid, Singular, Gevekom, Motivi, Mikrosam,Tulleken Executive Search TS, Mega Auto Parts, DURA Automotive, AMSM, Ekspanda, Croatia osiguruvanje, Quipu GmbH, Semos, Involve Development, Halkbanka, Makstil, Johnson Matthey, MA Gaming, Cemеtarnica USJE, Trimaks, Hotel Actor, Manpower, Product DNA, Be-Da Locistics, Wik Makedonija, A1 Makedonija, NLB.

Ви благодариме за вашето присуство и одличната енергија!

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Во прилог галерија од фотографии:

Популарно