Затвор и парична казна за синот на Здравко Мамиќ

Затворска казна од една година и четири месеци му изрече денеска судот во Осиек на Марио Мамиќ, син на поранешниот претседател на загрепски Динамо, Здравко Мамиќ, прогласувајќи го виновен во процесот кој се води за незаконско извлекување пари од најтрофејниот хрватски фудбалски клуб.

На Марио Мамиќ му е изречена и парична казна од 750.000 евра, а притоа на Динамо ќе мора да му ја надомести штетата во износ од 2.08 милиони евра и да ги плати судските трошоци во износ од 70.000 евра.

Покрај него, судот денеска му изрече затворска казна од 11 месеци и на хрватскиот бизнисмен Сандро Стипанчиќ, која ќе биде заменета со општокорисна работа.

Во т.н аферата Динамо 2 за извлекување пари од клубот како дел од злосторничко здружување, заедно со Здравко и Зоран Мамиќ кои се во бегство во Босна и Херцеговина, а на кои им се суди во отсуство, обвинети се и синот на Здравко, Марио Мамиќ, поранешниот директорот на Динамо, Дамир Врбановиќ, бизнисмените Сандро Стипанчиќ и Игор Крота, како и менаџерот Ники Артур Вуксан.

Според обвинителниот акт, во периодот од декември 2004 до декември 2015 година, Здравко Мамиќ заедно со другите обвинети за злосторничко здружување го оштетиле Динамо за 25.8 милиони евра преку склучување фиктивни договори меѓу Динамо и неколку странски компании, како и со издавање фактури за плаќање на непостоечки услуги за трансфери на играчи.

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите

Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска и до ЈСП „Скопје“, како што рече, „да се произнесат јавно дали се предвидени средства за бесплатен превоз на студентите во градот Скопје“.

-Затоа што билетите за 2025 не се продолжуваат на билетарниците на ЈСП. Од друга страна, од МОН се произнесоа дека се предвидени средства. Во текот на септември градоначалничката имаше дадено изјава дека има заостанат долг во неколку милиони денари којшто треба да се плати, покрај од страна на Министерството и Владата. Останува да почекаме одговор од страна на институциите. Доколку не, УСС на УКИМ ќе преземе соодветни реакции и мерки со кои ќе го искаже ставот. Смешно е студентите да немаат бесплатен превоз, мерка што е обезбедена десет години по ред од страна на Владата. Во програмата на сегашниот градоначалник беше мерката бесплатен јавен превоз за сите граѓани, а сега доаѓаме во ситуација кога се зборува за укинување на превозот за студентите што навистина не би било во ред за студентскиот стандард, изјави Николоски.

На прашањето какво образложение добиле од институциите, одговори рече дека „дел кажуваат дека нема да има бесплатен градски превоз“, а од ЈСП во телефонска комуникација им било кажано дека „се уште се чека одлука од Град Скопје“.

-Одговорот од МОН е дека има предвидено средства, чекаме да се произнесе дали ќе има или ќе нема за веќе да може да им ги продолжат картичките на студентите. Секојдневно комуницираме, во текот на идната недела веќе треба да има одговор од страна на институциите, изјави претседателот на студентската организација на УКИМ.

Доколку останат без бесплатен превоз, една од опциите, рече Николоски, е да протестираат пред институциите.

-Другата опција е активно да комуницираме и да притискаме мерката да продолжи затоа што ако МОН предвидело средства, треба МОН и Град Скопје како одговорни институции да се договорат што ќе прават со заостанатиот долг, а тековно да си продолжи бесплатниот градски превоз како мерка за студентите, додаде Николоски одговарајќи на новинарски прашања на настан на кој беше промовирана иницијатива на Форумот за образовни промени за субвенциониран меѓуградски превоз за студенти што не студираат во градот каде што живеат.

На промоцијата присуствуваше и заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу кој на прашањето за проблемот со бесплатниот превоз на студентите во Скопје, колку пари должи МОН и дали се обезбедени средства во буџетот, кој Собранието го усвои минатата недела, не одговори конкретно.

-Одговорот на тоа прашање треба да го побарате кај градоначалничката бидејќи Министерството веќе има изнесен став. Овој проблем што сега е појавен е во одговорност на Градот Скопје и на градоначалничката. Можам да кажам дека во буџетот за 2025 се предвидени средства за транспорт на студентите, но за тоа ќе треба да се донесе дополнителна одлука од страна на Владата. Буџетот треба да помине на Собрание, да не кажуваме бројки кои може да бидат изменети и додека се носи буџетот, рече Алиу.

Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова повика „институциите да престанат да си ја подаваат топката едни на други“ и, како што рече, „во најкраток можен рок, до крајот на неделава или наредната да го решат ова прашање на студентите“.

Драгана Бојкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собранискиот Клуб на млади, не прецизираше каде е проблемот и решението за превозот, но во изјавата се осврна на досегашните политики на Владата за подобрување на студентскиот стандард и условите во студентските домови.

Во својата изјава за медиумите таа соопшти дека во буџетот за 2025 се предвидени повеќе средства за субвенциониран студентски оброк и дека во договор со студентите ќе се одредува дали таа субвенција ќе ја има истата сума или ќе се зголеми опфатот на студентите што ќе го имаат тоа право.

(Видео) Горан Ѓорѓиевски: Храната во Македонија не е скапа, имаме најевтин леб во Европа

Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори, вчера во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 кажа дека не се согласува со тоа дека имаме најскапа храна во регионот. Според него во Македонија има најевтин леб во Европа.

„Не се согласувам, не плаќаме, напротив најевтина е… Еве конкретно лебот во Македонија е најевтин во Европа, по испитување од Евростат имате најевтин основен производ во Македонија“, вели Ѓорѓиевски.

Тој вели дека цените зависат од некои геополитички фактори.

„Ние не можеме Македонија да ја третираме како изолиран остров некаде и само тука цените да ги креираме сами. Се буквално од прехранбените суровини, па и сите други стоки се на берза, зависат од берзанските цени“, вели Ѓорѓиевски.

Популарно