Рецепт за 1ви и 2ри Мај: Најдобри домашни кебапчиња

Први и втори Мај се празник на трудот, но кај нас се познати по правење на скара и некое ладно пиво. Еве неколку совети за совршена скара.

kebapi-recept-m-04

Ви претставуваме неколку трикови и рецепти за совршено месо на скара.

Машина за мелење месо

Доколку сакате сами да направите мелено месо за на скара, потребна ќе ви биде машина за мелење месо, или доколку немате, ќе може избраните парчиња да ви ги измелат при самото купување во месарницата. Месото за скара потребно е да се исече на покрупни коцки, а потоа да се измеле два пати.

Пред да го измелете вториот пат, месото би требало да го измесите со раце, за смесата добро да се врзе. Според некои стари рецепти, би требало да додадете и малку овчја лој, бидејќи тоа добро го врзува месото. Но, доколку самото месо е помасно, тоа ќе биде сосема доволно.

Сето тоа би требало да го направите ден претходно, бидејќи најдобро е смесата да отстои преку ноќ, пред да биде подготвена за печење.

Какво месо да употребите?

Кога станува збор за видот на место, постојат разни комбинации. Можете да пробате само со јунешко, но познавачите кажуваат дека најдобро е кога ќе се додаде уште некој вид на месо. Еве два предлози:

- 500 гр јунешко месо, 250 гр свинско и 250 гр јагнешко месо

- 500 гр јунешко месо и само 250 гр свинско или 250 гр јагнешко месо

Што уште да додадете?

Од зачините неизбежни се солта и мелениот бибер, а може да додадете и други зачини доколку сакате месото да добие специфичен вкус. За таа цел можете во смесата да додадете малку иситнет магдонос или магдонос во прав, а многу скараџии додаваат и кромид и лук. Наша препорака е во смесата да додадете 2 до 5 проценти многу ситно исечкан кромид. Зачините можете да ги додадете помеѓу првото и второто мелење.

Некои мајстори додаваат и презла, односно стар измелен леб, за месото да добие подобра текстура. Секако, доколку го правите за себе, нема да сакате да добиете на количина туку на квалитет, па немојте да додадете повеќе од 5 до 10 проценти.

Мали трикови

Во делот на подготвената смеса можете дополнително да додадете чадена сланина или некое друго сушено месо, како и истолчена сува пиперка. Така ќе добиете гурмански уштипци или плескавици, во зависност од тоа како сакате да го обликувате месото.

Кебапчињата можете да ги правите со раце, кои претходно треба да ги измастите со масло.

За време на печењето ви препорачуваме да набавите неколку гранчиња свеж рузмарин и малку маслиново масло. Гранчињата потопете ги во маслиново масло и премачкајте го месото додека се пече, кога веќе ќе биде речиси готово.

Шест причини зошто е најдобро да заминете на одмор во септември

За многумина, септември го означува крајот на сезоната за патување, но за некои, тој нуди одлична можност да се спакуваат и да заминат на одмор.

Еве зошто е  одлично да одите на одмор во септември: 

1. Поголема заштеда

Бидејќи е сезона за одење во училиште, многумина не го избираат септември како месец за патување. Токму поради тоа, цените на трошоците за превоз и сместување може значително да опаднат. Дополнително е тоа што во овој месец неретко можете да сретнете и одредени попусти. Доколку и вие сте од оние коишто завршиле со училишните и факултетски обврски, септември е одличен месец да ја пронајдете вашата дестинација за одмор.

2. Избегнување гужви

Ова е дополнителен поттик за патување во септември, особено за оние коишто сакаат да ги избегнат гужвите и сообраќајниот метеж. На некои луѓе ова им пречи и им ја исцрпува енергијата, но овој месец е период којшто нуди посмирени посети на омилените дестинации.

3. Пониски цени за сместување

Луксузните дестинации честопати ги рекламираат своите најголеми попусти на крајот на летото и за време на раната есен. Во септември можете да пронајдете големи попусти дури и на местата каде што отсекогаш сте посакувале да одите. Искористете го овој период и пружете си себеси и на вашите најмили одмор од соништата.

4. Времето е пријатно

Иако септември веќе ја најавува есента, времето може да биде навистина прекрасно. За сите оние коишто сакаат да ги избегнат летните горештини и сакаат да се опуштат во умерено и пријатно време, септември го нуди сето тоа.

5. Имате можност за вонсезонски активности

Додека пропуштате некои сезонски активности, секогаш постојат нови можности коишто ви ги нуди токму септември. Во зависност од вашата посакувана дестинација, ќе имате можност да искусите многу вонсезонски активности коишто ќе ви ги збогатат вашите спомени.

6. Поголеми попусти на потребните работи

Доколку отпатувате во септември, ќе имате можност да ги купите потребните работи, а притоа да заштедите. На пример, ќе можете да купите костум за капење по доста пониска цена, производите за сончање ќе ве чинат помалку, а исто така ќе заштедите и ќе имате средства да си дозволите да купите и други работи во коишто би уживале.

Последниот број од годината на раѓање ја открива вашата судбина

Последниот број во вашиот датум на раѓање открива кој елемент и особина владее со вашиот живот.

Погледнете кој елемент го носи последниот број од вашата година на раѓање

0 или 1 е метален елемент,

2 или 3 е елемент на водата,

4 или 5 е елемент на дрво,

6 или 7 е елемент на оган,

8 или 9 е елементот на земјата.

Метал

Металниот елемент укажува на сила, но и голема флексибилност. Луѓето со овој елемент имаат огромна способност и верба во сè што замислуваат. Тие се многу амбициозни, но и независни. Имаат многу високи критериуми на сите полиња, па на другите луѓе им изгледаат тешки. За овие луѓе најважна е безбедноста, удобноста и слободата на нивниот дух. Во љубовта се многу барани и пребирливи, но и многу флексибилни кога чувствуваат дека некој вреди.

Вода

Елементот со најмеко срце но и најпресметлив мозок. Луѓето со овој елемент се целосна спротивност во љубовта и пријателството. Во пријателството, вие сте вистински лојален, искрен пријател, кој е тука за вашите пријатели во секој поглед. Без калкулации, на луѓето гледате само по душа и така ги избирате пријателите. Додека љубовта е сосема поинаква приказна. Многу сте умешни да манипулирате и да доминирате со партнерот. Без разлика дали вашиот партнер е енергично посилен од вас, вашиот шарм секогаш го освојува вашиот партнер. Во љубовта овие луѓе се едноставно неодоливи.

Дрво

Луѓето со овој елемент се синоним за здравје и позитивност. Секогаш се добро расположени, секогаш бараат ново искуство и поинаква перцепција на реалноста. Семејството е сè за вас, затоа имате тенденција од секој партнер да направите животен партнер. Вие сте самоуверени и делувате во согласност со вашите вредности.

Оганот

На сите им е јасно дека тоа е елемент на најсилната страст. Луѓето се заводливи и енергични во секоја област од нивниот живот. Импулсивноста е нивното второ име, бидејќи тие сакаат сè сега и веднаш. Нив ги водат животните водачи, па другите луѓе ги слушаат и внимателно ги следат. Во љубовта тие се романтични и нежни, доколку партнерот им ја додели главната улога. Најмногу ги погодува неправдата и поради другите луѓе често влегуваат во конфликти, бидејќи секогаш се на страната на послабите и незаштитените. Тие се огромни хуманитарци.

Земја

Луѓе со најголема рамнотежа и чувство за еднаквост. Со овие луѓе сè е многу едноставно и едноставно, не сакаат компликации во ниедна смисла. Чувството на контрола во сите ситуации им дава моќ и самодоверба. Во љубовта се многу пожртвувани и подготвени се будно да го следат партнерот, што е огромна спротивност на нивната суштина. Љубовта, ако не е избалансирана, е единствената главоболка во животот што може да ги спречи на други полиња.

(Фото) Седум пози што ги знаат само оние што се искусни во секс

Одредени луѓе сакаат да се покажат што умеат во секој аспект од животот, но и во сексот. Овие секс пози се наменети токму за нив, затоа што сигурно ќе го изненадите партнерот, но и ќе покажете што знаете и умеете.

Со некои од овие пози ќе ја покажете својата издржливост и ќе го излудите партнерот целосно, а добро е да ги пробате барем еднаш за да знаете за што се работи. Погледнете кои секс пози треба да ги знаат вистински искусните:

Популарно