На парламентарните избори ќе ни го бележат левио палец

Ваква одлука завчера донела Државната изборна комисија откако добила сознанија дека кај многумина граѓани се уште не се избришани трагите од маркирањето извршено на гласањето на 13 април.

palec

- За да нема никакви забуни и да одбегнеме ситуации во кои на некој граѓанин би можело да му биде попречено правото да гласа бидејќи има траги од мастилото, донесовме одлука обележувањето да се врши на друго место. И ние добивме информации дека кај доста гласачи с` уште постојат траги од маркирањето и тие се видливи. До недела тие можеби нема да исчезнат и би можеле да се случат недоразбирања и проблеми, изјави за Дневник Субхи Јакупи, потпретседател на ДИK.

Kако што беше најавено пред гласањето, трагите од мастилото со кое беа обележувани граѓаните требаше да исчезнат по само еден ден од ставањето на белегот на десниот палец.

- Фактот што мастилото се уште не се брише е во спротивност со информациите што кружеа уште додека траеше гласањето дека тоа лесно се брише само со влажни марамчиња, со ракија, со ацетон. Овој проблем зборува токму спротивно, но не е во ред и во однос на тоа што се очекуваше да се избрише за само еден ден - објаснува Јакупи.

ДИK го набави мастилото од Kина и тоа, според тврдењата, ги исполнувало сите стандарди за оваа намена. Ова не било првпат тоа да се употребува на избори. Но, досега ретко се случувало да не се избрише и по повеќе дена од маркирањето.

Коментари

Популарно