Добрите љубовници ги имаат овие карактеристики

Да се биде добар во креветот не е филозофија, но е потребно да се применуваат одредени карактеристики на кои жените едноставно не можат да одолеат. Кои се најважните карактеристики на добриот љубовник? Добритот љубовник не го интересира само сопствениот оргазам. Повеќето од мажите во сексот се занимаваат само со сопственото задоволство, ја користат партнерката да ги задоволат своите сексуални потреби без да помислат на нејзиниот оргазам. Мажите често ова го прават несвесно, тие сметаат дека и на жените им е толку лесно да постигнат оргазам како и на мажите. Но, ова е голема грешка, мажот кој мисли само на сопствениот оргазам е далеку од добар љубовник и во никој случај нема да остави добар впечаток кај партнерката. Жените имаат потреба од подолга предигра и поголемо внимание затоа бидете трпеливи и посветете и внимание.

hitportal-seks5

Добриот љубовник става акцент на оралното задоволување

За партнерката да биде задоволна и полесно да постигне оргазам потребно е партнерот да не го заборави оралното задоволување. Иако кога се спомене орален секс веднаш се помислува на задоволување на партнерот, сепак партнерката има поголема потреба од орално задоволување велат истражувањата. Мажите кои умеат добро орално да ја задоволат партнерката со сигурност ќе остават добар впечаток кај неа и ќе бидат ставени во групата на добри љубовници. Затоа никако немојте да го прескокнувате оралното задоволување на партнерката.

Добриот љубовник е полн со креативни комплименти

Добрите комплименти го отвораат женското срце, но тие треба да бидат искрени. Треба да дадете креативен комплимент за она што навистина ви се допаѓа кај девојката. Не мора да бидете поетски настроени, но треба да бидете искрени. Секогаш отворено кажете и што најмногу ви се допаѓа кај неа и зошто таа е посебна за вас, но кратко и искрено без одолговлекувања.

Добриот љубовник постојано учи без разлика на искуството

Добриот љубовник не се навредува доколку девојката му сугерира на нешто додека водат љубов, туку се труди грешката веднаш да ја поправи. Добриот љубовник сепак не е маж со многу високо его бидејќи тој треба да се прилагоди на вкусот на девојката. Според научниците добрите љубовници не се срамат да се консултираат со девојката во врска со тоа што и се допаѓа, што најмногу ја пали и слично, тие не глумат “сезнајковци”.

Добриот љубовник не се фали

Ако мислите дека ќе ја запалите девојката со вашите фалби околу тоа колку добар љубовник сте и колку многу жени спиеле со вас, тогаш навистина се лажете, таа ќе ве гледа само како напален тинејџер, а на она што ќе го кажете воопшто нема ни да поверува без разлика што ќе изгледа дека ви верува. Затоа бидете мистериозен, добрите љубовници советуваат да молчите околу тоа со колку девојки сте спиеле и колку искуство имате. За тоа колку сте искусни не треба да кажувате туку треба да докажувате, ова е главниот факт кој морате да го запомните.

Коментари

Популарно