Станија: Не се продавам за 500 долари!

Денеска српски Курир пишуваше дека цената на Станија за една вечер е 500 долари,  најпознатата српска старлета  која неодамна престојуваше во Дубаи, вели дека живее од својата работа.

Stanija-670x335

“Се знае колку заработувам јас во Америка. Не ми треба дечко, ни спознор, а ни шеик”, рече Станија за “Курир” и додаде дека старлетите не се единствени на “удар” кога се зборува за елитната проституција.

“Кружат приказни не само за старлети, туку и за пејачки, манекенки… ајде, ако некој веќе нешто знае, нека стави име и презиме и крај на приказната”, вели старлетата.

Станија додава дека е способна да заработи за стан, скапа облека и патување, но дека момците “ја опсипуваат со подароци”.

“Силиконите и веренички прстен ги имам добиено од дечковци, а точно е дека додворувачите знаат да ми испратат и 101 ружа. Ако одам на патување, се договарам со дечкото, но не биле сите мои момци богати Мојот поранешен дечко имаше многу пари и се знаеше дека кога одиме на летување, зимовање или нешто такво главно тој плаќа. Тоа не е ништо лошо, бидејќи кога дечкото е финансиски стабилен, тој убаво ја третира својата девојка”.

Старлетата ги демантира приказните дека работата во Америка и подароците од дечковците се само параван за занимавањето со проституција. “Јас би сакала да ги прашам сите оние кои пробуваат да ме турнат во тој ќош, зошто го прават тоа? Мене тоа ми е злобно. Мојот единствен грев се моите провокативни фотографии, но нема да престанам да правам селфи фотки или да се сликам гола”, заклучува таа.

Коментари

Популарно