Крвава тепачка меѓу работници кои расчистуваат во поплавените подрачја

Вчера околу 11.30 часот на ул. „Роман Каскаљиевиќ“, од работниците кои биле ангажирани за расчистување на поплавените куќи, дошло до нарушување на Јавниот ред и мир со тепачка, соопшти МВР.

poplava-skopje-policija-70952-640x341

Лицата А.С., Б.С. и З.С. од едната страна и М.A. од друга страна си размениле по неколку удари по лицето и телото со што се здобиле со видливи повреди главата и телото.

Поднесени се четири записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.

Коментари

Популарно