Поранешните дадилки на децата на Џоли и Пит раскажуваат шокантни детали

Помошничките, кои се занимавале со воспитувањето на децата на холивудскиот ѕвезден пар пред разводот – Анџелина Џоли и Бред Пит, раскажаа за “Дејли Меил” за неподносливо однесување на адолесцентите.

1474856401-212

Aмериканската кино-дива изјавила дека нејзиниот сопруг се справил лошо со родителските должности. Многудетната мајка сака сама да се занимава со 15-годишниот Медокс, 12-годишниот Пакс, 11-годишната Захара, 10-годишната Шејло и 8-годишните близнаци Нокс и Вивиен. Во западните информативни изданија, сепак се појавија информации дека всушност Бред Пит не е лош татко, туку самите деца на познатите актери апсолутно не подлегнуваат на воспитување.

Според зборовите на опкружувањето на ѕвездените родители, нивните наследници на крајот излегле од контрола и имаат повеќе психолошки проблеми.

Како што раскажаа во интервју за “Дејли Меил” поранешните воспитувачи кои работеле во семејството на Џоли и Пит, децата растат практично без контрола. Ситуацијата се комплицирала кога Џоли го скратила бројот на дадилки. Сега за децата кои често се борат меѓу себе, следат не шест, туку две лица.

Според зборовите на помошничката, поголемите момчиња Пакс и Медокс постојано разменуваат удари. А, освен тоа се обидуваат да пробуваат работи кои категорично им се забранети. Како што раскажува една од дадилките, кога Медокс имал девет години, земал шише вино од своите родители и се напил.

Девојките Шајло и Захара не отстапуваат од своите браќа во своите постапки, тие исто така сакаат да ги решаваат со тупаници споровите. Покрај тоа, кога Шајло имала девет години, таа изјавила пред родителите дека не се смета за девојка и кога ќе порасне ќе направи операција за промена на полот.

Наследничката на Џоли и Пит одбива да одговара на името и бара да ја нарекуваат Џон.

Коментари

Популарно