Момци ви благодариме вие сте нашите шампиони !!!

IHF – пресече со својот наоштрен нож, ќе бидете петнаесети и нема мрдање, а иако пред нас се репрезентации со послаб учинок. Но тоа е што е ништо не им можеме.

Момци доколку би биле на друго место дефинитивно би ви направиле споменици но во Македонија од шмизли и коњи нема место за нашите спортски икони.

Но не од вас ќе почнеме од оние некогаш, кога го израдуваа Македонскиот народ и кога им покажаа на светот дека и ние постоиме и дека ќе се бориме и дека ќе дојде нашето време, порано или подоцна.

Стефче, Зоран, Димитар, Шандор, Аљуш, Аце, Томче, Боро, Заре, Горан, Александар, Иве, Марјан, Драган, Ѕвонко, Миле, Емил, Тони и уште многу останати.

Ви благодариме за секоја капка пот што ја дадовте тогаш за да бидете пример и идоли на овие момци денеска. Ви благодариме што со своите Пелистер, Јафа, Тут. Комбинат ја газевте Европа и им покажавте како се игра ракомет.

Да почитувани овие луѓе тогаш го поплочија патот на кој денеска цврсто гази нашата сениорска ракометна репрезентација.

Никогаш не смееме да заборавиме што направиле и ден денеска што прават за македонскиот ракомет и колку само млади таленти поминуваат низ рацете на овие легенди.

“Македонија има иднина тоа го тврдам со сигурност“ беа зборовите пред светското првенство на нашиот капитен Кирил Лазаров. Дефинитино иконата на македонскиот и светскиот ракомет и една од најопасните левици на сите времиња во историјата на ракометот,човекот кој запиша 1000 голови во националниот дес. Извинете но 1000 се многу и да ги броиш, а камоли да ги постигнуваш.

Червар за селектор, едногласно беше изгласан после оној дебакл кога нашиот олимписки сон се претвори во олимписки кошмар, а неговиот колега Обрван замина во уште едно неславно поглавје од историјата на нашиот ракомет.

После квалификацискиот натпревар со Чешка и конечното збогум од репрезентативниот дрес на големиот Наумче Мојсовски време беше за нова крв.

Талевски, Нелоски Дрогишки, Поповски беа конечната одлука на селекторот Червар.Четири млади играчи во репрезентација за свежина на голот не така младите Трајковски и Колев а останатото се исто Манасков, Стоилов, Жути, Ојлевски, Георгиевски, Митков и братските тандеми Лазаров и Марковски со исклучок на Ристо Арнаудовски кој исто така дебитираше.

Момци секоја чест дадовте и повеќе од максимум.

Но тука сега треба да се запраша селекторот Червар за неговите тактички варијанти и неговото тактичко надмудрување и што тој впрочем направи со овие момци. Еден фантастичен ракометен новинар имаше напишано текст “тркачите трчаат, а играчите играат“, да господине Червар ние бевме тркачи, а останатите екипи играчи. Во таја цела бркотница на теренот на момент играчите како да заборавија дека се играчи од тоа што се осеќаја како тркачи па беа торпедирани од оние вистикнските играчи. Ова ваша игра 7 на 6 беше убиствена за нашиот состав. Некои анализи викаа дека доколку постигнеш 30-32 гола тешко некој да те победи но што е најлошо мора од 32 шута да постигнеш 32 гола бидејќи се што ќе биде промашено ќе не казни во следната секунда додека нашиот голман седи на клупата или пробува да ја изврши замената. Статистички гледано примивме многу лесни голови за кои сте виновни само вие. Не знам господине кој планиравте да го изненадите со оваа игра Словенија, Шпанија, Исланд ? Па тоа се екипи кои имаат страшна транзиција перфектни контра и полу контра напади тоа се екипи кој можат во секоја минута од натпреварот да го променат темпото и ритамот на играта. Цепелините господине Червар се убави за око, но не се бројат дупло или тродупло и тие се само еден сегмент од играта а вие тој сегмент премногу го возвишивте и си го препишавте како шаховска надмоќност, а ние правевме исти такви цепелини многу време пред вас.

На многу пати до сега господине Червар ја споменавте таа ваша Хрватска и тоа светско во Португалија но никогаш не кажавте кој се работеше на тој проект и кој играчи ги имавте на паркетот. Еве ние ке кажеме дека беа Смајлаѓич, Маглајлија, Башич во техничкиот тим а на терен имавте 16 перфектни играчи Калеб, Лацкович, Балич, Метличич, Џомба, Вори, Лозерт, Доминикович, Голужа итн итн. Имавте перфектни 16 играчи.

А денеска имате тројца перфектни играчи и четвртиот решивте да го оставите дома поради психичка исцрпеност.Тоа што е најлошо господине Червар мислам дека многу погрешен човек одбравте за таа тема “Психичка Исцрпеност“.Човекот кој каде и да отиде дали е пред 10000 публика дали пред 10 , влегува на гол си ја завршува задачата и си заминува без никакви психички потресувања, жив професионалец и затоа е помеѓу најдобрите бидејќи е психички перфектно стабилен. А тоа што поради неговата ароганција на терен многумина не го сакаат па не ни мораат, но многумина го посакуваат неговото знаење и искуство, а го немаат.

Со целосна почит кон она што сте го направиле позади вашето име, но оваа експедиција на Македонија ви беше промашена уште во подготвителниот период кога ја избравте Босна за противник во онај тест период. Па доколку сте сигурни во вашата тактичка замисла зошто не избравте посилен противник за еден спаринг партнер. Која е разликата помеѓу вас и нашите домашни квалитетни тренери кој ги има и сите со одлично искуство. Но сепак РФМ секогаш одлучува за луѓе кои се тродупло платени и кој би го направиле истото што и вие, а историјата сепак покажува дека најдобри резултати сме имале со наши тренери. Но најголемата трагедија од тие господа што работат во РФМ е тоа што ги исмејуваат нашите тренери-легенди кога ке излезат на телевизија, да почитувани ги исмејуваат по своите ФБ профили а во пракса не му се ниту до колена а во својата кариера најсилни натпревари што ги имаат одгирано ни самите не знаат кој се иако денес важат за најдобрите познавачи на ракометната игра и за жал се на високи функции во секторите на РФМ и постанаа доктори за ракомет, а оние вистинските доктори за ракомет се исмејувани.

Вие господине Червар немате храброст да го направите тоа подмладување, вие не сте така храбар како што се чукате во гради. Доколку бевте така храбар ќе понесевте со себе 10 млади ракометари од кои двајца млади голмани и Борко како прв голман со што задачата на Борко ќе беше да ги советува и учи. Вие господине Червар отидовте со проверени сили за Франција бидејќи не сакате јавноста да ве плука со што повторно ве возвишуваат за победа против “АНГОЛА“. Која беше разликата на тајмаутот кога кажавте “МОРАМО САД ДО ГОЛА“ и која беше разликата на онај изманипулиран фамозем тајмаут на Шундовски кога новинарите го извртеа и претставија како да кажа само “КЛАВАЈТЕ ГОЛОЈ“. Нема разлика господине Червар, азликата е тоа што вие сте Червар и новинарите ве возвишија како бог а тоа беше само Шундовски без злата и сребра од олимпијади, но тактички дури подобро од вас ги познаваше овие истите момци затоа што со него израснаа.

И за крај господине Червар немој да перете мозоци дека играме ракомет. Ние се мачиме кога топката е во нас и доколку не е Кире тогаш стварно не би знаел кој ќе шутира. Затоа господине Червар немој да се чукате во гради и ќе ве молам да бидете селектор кога ќе се пензионираат Кире, Борко, Жути. Тогаш мислам дека нема да сакате ни на телевизија да не гледате, а РФМ тогаш со сигурност ќе постави Македонски тренер кој повторно онака случајно ќе направи фантастичен успех а вие сите останати хиени ќе дојдете од некаде и ќе го соберете медот.

ЗА МАКЕДОНИЈА од Анонимен

Коментари

Популарно