Избегнува да ве бакнува за време на сексот? Еве што тоа навистина значи?!

Дали можете да замислите секс без бакнежи во уста? И што би превземале ако забележувате дека партнерот избегнува да ве бакнува? Бакнежите и сексот се најголеми показатели на интимноста и за многумина се неодоливи. Меѓутоа, некогаш се случува луѓето да сакаат секс со друга личност, но не сакаат да ја бакнуваат. Сексологот Клинт Картер открива што точно тоа значи.

Ако е тоа секс за една ноќ или просто вашиот прв секс, веројатно мажот со самиот тој чин избегнува поинтимно врзување со вас. Тоа е знак дека не сака вашиот однос да се развива во подлабок правец.

Меѓутоа, ако веќе сте во сериозна врска а забележувате дека вашиот партнер избегнува бакнежи, значењето веројатно е многу побезопасно. Запомнете дека машкиот мозок е направен и функционира така што со проблемите и задачите се носи еден по еден, тие најчесто не умеат да работат повеќе работи истовремено.

Значи, ако акцијата е во тек, најверојатно е фокусиран на тоа, а бакнежите му се на крај на памет. Затоа, ако вашето момче никако не најде време да ве бакне, бакнете го вие него и потсетете го што ви недостига и што сакате. Ако и понатака не ги разбира вашите суптилни сигнали, тогаш поразговарајте со него – но по сексот – советува овој сексолог.

Коментари

Популарно