Војната продолжува: Карлеуша јавно ја навреди Вики Миљковиќ

Двете пејачки често се караат додека ја имаат улогата на жири во шоуто „Ѕвезде Гранда“, а познато е и дека Карлеуша не се штеди на зборови кога станува збор за нејзината колешка.

Имено, Марија Шерифовиќ на Инстаграм објави фотографија од снимањето, на која позира со Јелена, под која напиша „Се прашувам што ќе се случи со „Ѕвезде Гранда“ после нас.“

Под фотографијата, Јелена искоментира:

-„Ќе остане Вики да го развеселува народот со својот смешен изговор, неадекватна духовитост, убавина и стручни оцени.“- напиша Јелена.

Коментари

Популарно