Денеска студено, но доаѓа нов топлотен бран

Денеска е понеделник, 17 јули 2017 година, 197-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 168 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 12 минути, а ќе зајде во 20 часот и 7 минути.

Денов трае 14 часа и 55 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 17 минути по полноќ, а ќе зајде во 13 часот и 33 минути.

Временска прогноза

Променливо облачно и свежо време ќе преовладува во Македонија. Претпладне во јужните делови се уште ќе има локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а максималната од 19 до 26 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Во утринските часови ќе има услови за слаб дожд. Температурата ќе се двиќи од 14 до 24 степени.

Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35-тиот степен, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

Коментари

Популарно