(ВИДЕО) Сузе со песна ги развесели туристите на Кинескиот ѕид

Фолк-пејачката Сузана Спасовска по 6 илјади искачени скалила запеа македонска песна на Кинескиот ѕид. Додека траеше перформансот на Сузе, воодушевените Кинези и туристи застануваа да ја слушнат песната на фолк-пејачката и ракоплескаа.

Видеото од македонската народна песна што Сузе ја испеа на Кинескиот ѕид таа го сподели на својот фејсбук-профил.

Фолк-пејачката веќе подолго време е во Пекинг. Таа е чест гостин во оваа земја и една од ретките Македонци кои го учат и зборуваат кинескиот јазик.!

Коментари

Популарно