Пролет во зима

004Денеска е вторник, 11 февруари, 42-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 323 дена.

Денот трае 10 часа и 22 минути.

Во Скопје Сонцето изгрева во шест часот и 37 минути, а заоѓа во 16 часот и 59 минути.

Месечината изгрева во 14 часот и четири минути, заоѓа во четри часот.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието ќе достигне и до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе е спушти до три, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во среда ќе настапи поголемо наоблачување кое ќе биде со повремени врнежи од дожд. Од четврток следува благо спуштање на дневните температури, а од петок и на утринските. До следниот викенд температурите повторно благо ќе растат.

Коментари

Популарно