Познатата босанска пејачка болна од рак, Дона Арес поминува низ најтешкиот период од животот кога се бори со смртоносната болест. Но има луѓе кои не го ценат тоа што таа е вистински борец и се спремни само да омаловажуваат и критикуваат без ни малку срам.
Имено пејачката на својот Фејсбук профил се пожали дека од непознат маж добила невкусна порака во која се вели: Те лажат дека си убава без коса, грда си, те молам стави перика...
На ова пејачката дала многу трогателен одговор: "Верувам дека оваа состојба е минлива, оваа ќелава глава за некое време ќе биде само сеќавање".