Денеска Свети Арханген Михаил ги посетува болните

Денеска е Собор на св. архангел Михаил.

Овој празник е утврден во четвртиот век, за да го дефинира правилното почитување на ангелите. Празниот е во чест на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска. Учењето за ангелите е инаку собрано во книгата на псевдо-Дионисиј Ареопагит „За небесната хиерархија“. Постојат девет ангелски чинови: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими, богоносните Престоли, потоа Господствата, Силите, Властите, Начелата, Архангелите и Ангелите.

svetmihail

Празник на војводата на сите ангели

Меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка...

Празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21 ноември според новиот (или на 8 ноември според стариот) календар меѓу народот е познат едноставно како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Многу семејства го имаат за домашен празник и го празнуваат со домашни служби, а и општо е верувањето дека тој спаѓа меѓу поголемите празници.

Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот итн.), Господ го создал духовниот свет - ангелите. Ангелите се духови поради што се невидливи, а за подобро да бидат сфатени и за да се создаде претстава за нив на фреските и иконите се претставени во човечка форма. Тие се Господови гласници (ангел значи весник) ги пренесуваат божјите заповеди поради што на фреските се претставени со крилја. Тие се поим за младост и безгрижност поради што се претставени како деца бидејќи староста, обелувањето на косата и брчките на лицето се последица на животните грижи и страдања. Тие се насликани во бела облека што симболизира душевна чистина и невиност. Единствено архангел Михаил е претставен во војводска облека. Зошто архангел Михаил е насликан како војвода?

Во почетокот сите ангели биле добри. Подоцна некои од нив станале лоши, се одметнале од Бога и почнале да прават злодела. Нив ги викаме ѓаволи. Еден меѓу нив по име Деница, заслепен од големата моќ што му ја дал Бог, се одметнал од Бога, собрал големо друштво и создал цело невидливо небесно духовно царство. Свети архангел Михаил го победил, го симнал од небото, а и подоцна продолжил да се бори за славата Божја поради што е претставен во војводска облека со меч и копје во рацете.

Тогаш, кога некои ангели почнале да го напуштаат Бога и станале лоши архангел Михаил ги собрал сите ангели и како знак на верност кон Бога почнал заедно со нив да ја слави Света Тројца со песната: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот. Во спомен на овој собир црквата го востановила празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21/8 ноември. Со овој празник им се оддава признание на сите ангели кои ги има безброј. Зошто токму на овој ден се празнува денот на ангелите? Според некои истражувачи месецот ноември е одбран поради тоа што во поранешното сметање на времето, кога годината започнувала од март, ноември бил деветти месец, а девет се чиновите ангелски. Денот осми (според стариот календар) е одбран поради тоа што на осмиот ден од страшниот суд ќе дојде Исус да им суди на живите и мртвите.

Како што беше споменато се верува дека има многу ангели. Тие претставуват цела небеска војска раководена од Господ Саваот (а Саваот значи господар или командант над војската). Тие се поделени во девет чинови, групирани по три степени, со по три чина. Во првиот степен влегуваат шестокрилите серафими, многуоките херувими и престолите, во вториот спаѓаат господствата, силите и властите и во третиот начелниците, арангелите и ангелите. На некои им се знаат и имињата како на пр. Гаврил, Рафаил, Урило, Салатиј, Егудило, Вархило.

Во народното верување архангел Михаил е претставен како со меч им ги зема душите на луѓето, поради што во некои места (Радовиш) е наречен „Арангел душевадник“. Во Радовишко било обичај на Аранѓеловден да се оди на гости во с. Ињево каде што три фамилии колеле заеднички курбан. Се раскажува дека им се јавувал на сон некој глас и им велел да заколат курбан и тие тоа го правеле секоја година на овој ден приредувајќи гозби за гостите. Кузман Шапкарев забележал дека на Архангеловден во Охрид ги колеле свињите специјално ранети за таа зима од кои правеле пастрма, сланина и колбаси и на нивните слезинки гледале и претскажувале каква ќе биде зимата. Во Гевгелиско, како што запишал Стефан Тановиќ, „Свети Ранѓила“ го замислувале со терезија во едната и сабја во другата рака со која на луѓето им ги вадел душите. Според преданието од овој крај тој стоел на рајските врати и на терезијата од едната страна ги ставал добрите дела на човекот, од другата гревовите и во зависност од тоа што ќе претежнело луѓето ги праќал во рајот или во пеколот. Марко Цепенков на едно место запишал дека „кога ќе умирал чоек, ангелот му се јавуал откај глаата, а смртта откај нозете. (На праведниот му се јавуал ангело и смртта многу весели, а на грешнио - многу смуртени и страшни.) (...) Ангело бил со ножо в раце и со терезија, а смртта со една торба алати, како од некој мајстор, турли-турли алати имала: тесла, тесличе, пиличка, пила, секира, глето, копан и друзи многу“. М. Цепенков забележал дека и кога се венчавале луѓето ангелот Божји стоел до нив. „За прва венчанија на зет и невеста, кога се венчаваат, му идел ангел Божи од небото и стојал над младоженците на рамената, та му држел венците и штом да се довенчаат, ќе летнел ангелот на часот и ќе појдел кај Бога, та ќе му кажел. Второ венчање пак ангелот идел, ама назад од младоженците стојал и по една недела ќе одел кај Бога за да му кажит. А пак во треќата венчанија ангелот многу скраја стојал и ич не одел кај Бога за да му кажи за да се радуат ангелите“.

Уште еден ден од православниот календар е поврзан со името на архангел Михаил. На 19/6 септември се празнува „Спомен на чудата на св. архангел Михаил“, во спомен на чудото во Хон, место во Фригија, кога свети архангел Михаил ја спасил црквата од уривање од неверниците, кога водата што требало да ја потопи ја свртел во друга насока.

Трик за сушење алишта кој е вистински хит

Дали се чувствувате како облеката да ви е секогаш влажна во најнезгодните моменти? Методот бурито целосно ги менува работите кога станува збор за сушење алишта.

Нема потреба да чекате со часови за да се исуши вашата маица на воздух или да сонувате за машина за сушење. Сè што ви треба е чист пешкир- колку е подебел, толку подобро!

Овој генијален трик воодушеви многу корисници на социјалните мрежи, а сега е вашата шанса и самите да го испробате. Подгответе се за сушење во рекордно време!

Ова е единственото масло што треба да го јадете!

Дали знаете кое масло е најдобро за вашето срце? Кардиологот Џон Кан од Американската Асоцијација на Кардиолози го има одговорот.

Се работи за органското ладно цедено маслиново масло. Според Кан, доколку ги замените разните путери, маргарини, свински масти и слично со органско ладно цедено маслиново масло, го намалувате ризикот за срцев удар за цели 25 проценти!

Ниедно друго масло не содржи толкава количина на монозаситени масти, кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта, тврди Кан, кој е поборник за медитеранска исхрана. Медитеранската исхрана подразбира консумирање на поголеми количини на зеленчук, овошје и јаткасти плодови, како и што поголема замена на црвеното месо со риба.

На прашањето што мисли за кокосовото масло, Кан само кратко одговори дека во медитеранската исхрана не се употребува кокосово масло.

Имајте ги овие информации во предвид следниот пат кога ќе одите да пазарувате, но внимавајте - ладното цедено масло во супермаркетите нема врска со вистинското и кавлитетно органско маслиново масло, кое за жал можете да го купите само од луѓе кои го произведуваат за сопствени потреби, а цената му е неколку стотици евра за само неколку литри!

(Фото) Гоце Тодоровски со сопругата Тања прославија роденден на ист ден

Гоце Тодоровски и неговата сопруга Тања на ист ден слават роденден.

Легендата од Македонските народни приказни пред два дена наполни 73 години, а неговата животна сопатничка 69 и заедно го одбележаа овој важен ден за нив.

Тие добија посета од ќерката Сашенка и нејзиниот сопруг Боби.

„Гоце и Тања Тодоровски родени на ист ден - како еден за друг речиси целиот живот го потрошија заедно, а од нивната љубов се изродија синот Гоце и ќерката Сашенка.“

„На 30.4.2024 нашата легенда - Гоце наполни 73 години, а неговата сопруга 69 години. Заедно и во добро и во лошо... па и на овој ден, скромно, но идилично во кругот на семејството! “

„Денес на гости им отидоа ќерката и зетот Боби“ – напиша Горан Марковски, кој ги сподели фотографиите на Facebook фан страница за Ѓорги Колозов.

„Фотографиите ми ги испрати Сашенка. А јас на овие шармантни и убави луѓе им посакувам заедно да влезат во уште многу подлабока старост, со насмеани лица и весели души како што доликува на нашиот македонски актерски доајен Гоце кој цел живот слатко не засмеваше преку малите екрани! Среќен роденден на двајцата!!!“ – дополни Горан.

Популарно