Тадиќ: Се чувствувам виновен што не се извинив на македонскиот народ додека бев претседател

Boris-Tadic-630x421-630x400

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ изјави дека се чувствува виновен за тоа што додека бил претседател на Република Србија не упатил извинување на македонскиот народ поради некои лоши работи во историјата и потенцираше дека за него било многу важно да се решат некои нерасчистени прашања од историјата особено прашењето со црквата.

– Многу пати сум доаѓал во Македонија како претседател на Србија и мене ми беше многу важно многу спорни и нерасчистени прашања од историјата да ги надминиме, овде посебно мислам на прашањето со црквата, затоа што ова на некој начин е единствената кочница во развојот на идните односи. Од друга страна органски сме поврзани, историски, со културата со музиката. Не постои точка на една нација која не се присутни силните врски помеѓу македонскиот и српскиот народ.

Денеска имав можност и да разговарам со ваши научници, историчари, не само со политичари. Некои од нив ми кажаа многу важна работа и се чувствувам како виновен што како претседател на република Србија не упатив извинување на македноскиот народ од позиција на претседател поради некои лоши работа во историјата, кога овде била српската жандармерија и кога немаше секогаш сјајсни искуства за македонскиот народ.

Еве токму поради тоа, како поранешни престедател, сакам да го упатам и тоа извинување и да ја поправам мојата грешка која ја направив како претсадател на републиката. Еве и на овој начин сметам дека допринесувам во зближувањето на двата народи – изјави Тадиќ кој синоќа присуствуваше на завршната претстава на фестивалот Охридско Лето која беше во изведба на театарот „Звездара“ од Белград.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае

Три лица се повредени во сообраќајката, што утрово се случила на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ангел Динев“ во скопската населба Влае.  

Како што информира МВР, сообраќајна несреќа во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје била пријавена во 2:25 часот. Во неа учествувале две возила, едното марка „шевролет“ управувано од 32-годишната Е.С. и автомобил „ауди“, кој бил управуван од 27-годишниот Б.А. од скопски Сарај.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., кои биле констатирани во Клиничкиот центар „Мајка „Тереза“.

Возачот на „аудито“ Б.А., според МВР, се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Со телесни повреди се здобил и неговиот сопатник И.А.(32) од скопското село Љубин. Тој, како што информираат од полицијата, бил пренесен во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Ромите нема да бидат манипулирани, уплашени и ќе гласаат слободно по своја волја

Вие сте нов политичар на македонската политичка сцена. Може ли да се претставите?

Доаѓам од среднокласно работничко семејство, каде од мали нозе не учеа, мене и брат ми, дека во животот ништо не е невозможно. Доколку работиш со многу труд и волја може да се постигне се и дека клучот кон успехот ќе дојде само ако инвестираме во нашето образование за подобар личен развој и прогрес во животот за наше идно вработување. Дипломирав на ЈИЕУ во Тетово, на Факултетот за јавна администрација и политички науки. Се стекнав со многу знаења и вештини преку учество во неколку проекти финансирани од Европската Унија и Ромскиот Образовен Фонд во Будимпешта за подобрување на животниот, образовниот и економскиот стандард на Ромите во Северна Македонија. Работев во Управата за наменско производство на вооружување и воена опрема ВВО за вооружените сили при Министерството за економија како в.д. директор со 4 годишен ма дат. Последните неколку години активно работам во call center на германски јазик како специјалист за корисничка поддршка на Deutsche Telekom.

Вашата политичка партија Аваја, во име на своите гласачи, Ви ја даде довербата да бидете иден претставник во македонското собрание. Која е вашата политичка програма што ја ветувате на гласачите во вашата изборна единица?

Доколку ја добијам поддршката од гласачите во 6-тата изборна единица верувам дека ќе започнеме нова ера и надеж за сите помали заедници во Собранието. Како пратеник ќе се трудам максимално да ја оправдам довербата дадена од народот за да се слушне и гласот на Ромите за нивните секојдневни проблеми и недостиг на кадри во соодветните служби, бидејќи тие треба да работат за граѓаните, не за партискиот интерес. Аваја ветува прогрес и напредок на сите граѓани за членство во ЕУ. Нашата програма се стреми кон охрабрување на сите млади да учествуваат во политичките процеси при креирање нови политики на национално и локално ниво во интерес на народот. Ќе промовираме подобри услови за образование на нашите деца со подобра наставна програма и стручни кадри. Нашата програма ветува достоинство на Ромите и враќање на довербата при избирање на пратениците. Нуди можност да бидат активни во делот на бизнис сферата со поттикнување на претприемачите да креираат нови идеи и работи за младите во Македонија.

Какви се реакциите на јавноста во однос на вашите ветувања? Задоволни ли сте од досегашниот тек на кампањата, која завршува за неколку дена?

Отсекогаш велев остави делата да покажат дали Аваја ќе биде новата и идна опција на сите Роми. Аваја за кратко време успеа да се оформи, регистрира и појави на македонската политичка сцена. Секој почеток е тежок и тоа добро го знаеме. Уште сега ги планираме следните чекори, план и програма за локалните самоуправи, односно локалните избори. Време е да се има Роми советници во општините од каде што доаѓаат. Како што Италијанците знаат да направат добра пица, Германците одлични возила, доста беше неромите да креираат политики и буџет кој не се во интерес на помалите заедници. Лека полека се буди нашиот народ. Верувам дека сме брзо растечка млада партија полна со енергија, амбиција и желба за дебатирање и докажување на правата загарантирани со Устав и законите во Северна Македонија.

Постојат ли притисоци врз гласачите и врз вас. На кој начин се справувате и соочувате со нив?

Ние знаеме дека од неромите и поголемите политички партии поткупуваат гласови со пари на сиромашните граѓани. Но, како што велеше мојот покоен татко,  на се му доаѓа крајот. Така ќе дојде време кога Ромите нема да бидат манипулирани, уплашени и слободно ќе гласаат по своја волја. Аваја остро го осудува секое дело на поткуп на глас и јавно го осудува тој криминален начин на доаѓање на власт.

Како ќе ја претставувате вашата заедница во Собранието и за што ќе се залагате? Набројте три работи кои ќе ги реализирате за гласачите во вашата изборна единица?

Со огромна почит кон покојниот Фаик Абди, еден од првите визионери и борци за нашите права. Верувам дека ќе бидат голем борец за правата на Ромите и помалите заедници. Нема да поддржувам политики и закони спротивни на нашите стратешки цели, план и програми. Ќе се залагам да се дадат еднакви можности за вработување и образование на Ромите и секако, санкционирање на говорот на омраза, владеење на правото, слободата на медиумите и конечно, да се случат демократски европски избори, без директна или индиректна дискриминација или корупција кон помалите заедници. Да се доведе до минимум доколку сакаме да бидеме земја членка на ЕУ. Набројав повеќе од три, но тоа секако е само за доброто на Македонија.

Популарно