Марина ја пронајдоа гола во канал: Мајка и го обвини зетот за убиството

Мајката на Марина Мијајловиќ (36) чие безживотно тело е пронајдено во канал во Великa Крсна, тврди дека ќерката и ја убил нејзиниот сопруг Мирослав М.,кој го пријавил исчезнувањето пред дваесетина дена.

-тој го уби моето дете. И даваше алкохол и лекови и ја уби. Дваесет дена ја држеше во замрзнувач и потоа ја фрли и тоа гола, викаше на сет глас Мара Мијајловиќ, мајка на Марина Мијајловиќ (36) чиј труп е пронајден во петокот околу 16 часот во Велика Крсна кај Младеновац.

На телото немало видливи траги од насилство, но нејзините родители се сомневаат дека Марина е убиена од нејзиниот сопруг Мирослав М. кој е полицаец во пензија. Таа, како што тврдат родителтие била болна.

-Марина имаше епилепсија. Мирослав е многу постар од неа, но нејзиното внимание го привлече со алкохолот, па се венчаа. Беше со неа зошто немавме можност да и купуваме лекови, а тој можеше. Само што и даваше лекови со алкохол, тврди мајката на Марина.

Таа тврди дека ќерката во бракот трпела насилство.

-Ја малтретираше, а се зборува дека злосторството го направил уште пред 20 дена и дека ја држел во замрзнувач, па ја фрлил гола во канал, вели мајката.

Инаку, Мирослав во петокот бил приведен, но истата вечер е пуштен дома. Меѓутоа вчера повторно го барале инспектори, но не го нашле на адресата на која живеел со Марина.

Соседите велат дека не го виделе, дури ни неговиот автомобил „мерцедес“.

-Марина е тука од септември и како што можев да забележам е дека често излегуваа навечер и доцна ноќе се враќаат. Знам дека двајцата пиеја, а што се однесува до Марина се сомневам дека би ја препознал да ја видам, вели сосед.

Тој додава дека Мирослав се жалел дека Марина исчезнала, но и дека пред тоа сакала да го напушти.

Роднините тврдат дека Мирослав не е виновен

Роднините на Мирослав М. вчера изјавија дека тој нема врска со убиството и дека не се знае како телото на Марина завршило во каналот.

-Тој тоа не го направил. Родителите на Марина сакаат да му наместат убиство. На нејзиното тело нема траги од убиство и сигурно е природна смрт. Никој од нас не знае како нејзиното тело заврши таму, рекоа роднините на Мирослав.

(Видео) Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“

На денешен ден пред една година настана трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му уби девет ученици и чуварот на училиштето, а рани уште неколку.

На местото на трагедијата пристигнуваат се повеќе луѓе за да им оддадат почит на жртвите. Први пристигнале членовите на семејствата на убиените деца, а глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и неизмерната тага не поминаа“, рече Вучиќ.

На 3 мај минатата година Коста дошол вооружен во училиштето и од влезната врата го започнал својот крвав поход, во кој животот го загубија девет деца и чуварот.

Откако го извршил масакрот повикал полиција и пријавил што направил.

Веднаш по трагедијата се одржа вонредна конференција на српското Министерство за внатрешни работи, на која беа соопштени деталите за она што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“.

„Повикот дојде во 8 часот и 42 минути наутро, две минути по пријавувањето на случајот во полиција од страна на заменик директорот на ова училиште“, изјави началникот на белградската полиција Веселин Милиќ.

На таа конференција Милиќ изјави и дека К.К. еден месец го планирал злосторството. Тој го покажа и списокот што полицијата го пронашла во станот на момчето убиец, на кој биле испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие.

Дополнително, како што тогаш беше кажано од највисоките функционери на српската полиција, К.К. имал и прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Поради делото, Коста е во болница, а против татко му и мајка му, Владимир и Миљана Кецмановиќ во меѓувреме е покренато обвинение, со оглед на тоа што момчето-убиец во моментот на делото имало 13 години и затоа не е кривично одговорен.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека обвинетиот Владимир Кецмановиќ во периодот пред трагедијата го научил својот син да пука во цели во форма на концентрични кругови и силуети на луѓе, да стои и да дише кога користи огнено оружје.

Против семејството Кецмановиќ се водат три граѓански постапки, а поднесени се вкупно пет тужби, меѓу кои и една кривична.


Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Популарно