ВИДЕО: Рускиот Нострадамус го предвидел Наполеон, Втората светска воја и Путин

Низ историјата на човештвото се среќаваат многу луѓе за кои се вели дека имале моќ да ја предвидат иснината. Еден од нив е иМонахот Авелљ (светото име на Василиј Василјев), кој живеел на крајот на 18 век, со неверојатно точност го предвиде нападот на војската на Наполеон, Втората светска војна, промената на власт во Русија, оставката на Борис Елцин и доаѓањето на Владимир Путин на местото претседател на Русија. Русија ќе стане бастион на православјето и ја чека светла иднина – и во политичка и во духовна смисла, видеото на старецот Авелј е уште од 18 век.

Според неговите зборови, Русија денеска му го должи процветувањето на „Божјиот избраник кој ќе дојде на власт“. Старецот Авелј говореше и за иднината на Донбас. Видел дека во таа област ќе завладее мир и тоа во 2017 година.

Тој прочуен видовит монах живеел во Соловјецкиот манастир во добата на кралицата Екатарина II, чија смрт исто така ја предвидел, и оставил низа на пророштва за случувањата во XIX и XX век, кои со ред се остварија. Меѓу останатото, предвидел и зла судбина на царското семејство Романов. Еве некои од неговите пророштва:

За Павле и од Русија

Павле I ја наследи Екатерина II и руската историја го третира како аутсајдер. Штом дојде на власт, посака да го види старецот Авелј.

Кратко ќе биде царувањето твое, јас, грешен, веќе ти го гледам крајот. На денот на Софронија Јерусалимска страшната смрт ти подготвуваат неверните слуги, кои ти ги чуваш на своите царски гради, ќе те удават… Ќе те погребаат на Велики Петок“, вели монахот.

Така и беше на 23 март 1801 година.

Александар I

Поради пророштвото за смртта на Павле I Авелј бил затворен во Петроград, а по смртта на тој цар, го ослободил новиот цар, Александар I. Тој испратил монах во Соловјецкиот манастир, а таму Авелј го пишувал пророштвото за нападот на Наполеон на Москва во 1812 година и запалувањето на престолнината.

Тоа протоштво ја прелило чашата, и царот наредува да монахот Авелј „умре“ во затворот на Соловјецките острови, каде се наоѓал самиот манастир. Александар I наредил да го ослободат дури во 1812 година, по нападот на Наполеон.

Николај I

Монахот Авелј не остана мирен долго. Царон Николај I, кој го наследи Александар I, не сакал пророштва и видовитост, па го испратил во притвор во Спасо-јефимовскиот манастир во Суздаљ, каде монахот се преставил во 1841 година.

„Царувањето на Николај почнува со бунт… Тоа ќе биде семе злотворско, дом погубен за Русија. Да не даде Господ, цела Русија би ја покрил… Сто години потоа ќе завладее омраза во руската држава“, предвиде монахот Авелј.

Александар II

Монахот Авелј бил сто години упокоен кога со Русија владеел Александар II, внукот на Павле I. Тогаш светлост на денот видело писмото во кое го испратил Павле I за неговиот внук.

„Твојот внук, Александар Втори, ќе се нарече цар на ослободувањето. Твојата замисла ќе се исполни – ќе се ослободат христијаните, ќе ја поробат Турција и ќе ги ослободат Словените од неверникот. Издајниците нема да му ги простат големите дела, ќе го ловат и убијат сред бел ден во престолнината. Како и ти, царската крв ќе биде запечатена со подвигот од служењето на своите“, вели пророштвото на старецот.

Шер објасни зошто се забавува со далеку помлади мажи: Изјавата ја опишуваат како бизарна

Славната Шер (77) од почетокот на минатата година е во врска со 39 години помладиот рапер Александар Едвардс (38).

Поради значителната разлика во години, нивната врска наиде на различни коментари, а пејачката сега откри зошто сака да излегува со помлади мажи.

– Причината поради која излегувам со помлади мажи е затоа што мажите на моја возраст се стари и сите мртви. Пред тоа беа премногу исплашени да ми пријдат. Помладите мажи беа воспитани од жени како мене – изјави таа во една емисија.

Пејачката и раперот се запознале во септември 2022 година, а набрзо започнале врска. Тие раскинаа во мај 2023 година, но се смирија. Откако повторно почнале да излегуваат, пејачката кажала колку сето тоа било неочекувано.

– Им реков на пријателите, не се заљубувајте во помлади мажи, премногу сме стари. И не се заљубувајте преку пораки. Мојата теорија пропадна – изјави претходно таа за странските медиуми.

Кевин Спејси ги негира новите обвинувања за сексуален напад, наведени во документарен филм

Во интервју со поранешниот новинар на GB News, Ден Вутон, Спејси ги негира наводите за сексуално вознемирување и напад, велејќи дека понекогаш „можеби постапувал несоодветно“, но не и незаконски.

„Ја преземам целосната одговорност за моето минато однесување и постапки. Но, не можам и нема да преземам одговорност или да се извинувам на некој што измислил работи за мене или преувеличувал приказни за мене“, рече Спејси, пренесе Би-би-си.

Тој додаде дека никогаш не понудил помош за кариера во замена за сексуални услуги.

„Јас јасно се поврзав со некои мажи кои мислеа дека можат да ги унапредат своите кариери преку однос со мене. Но, немаше врска со мене, сето тоа беше дел од нивниот план, кој секогаш беше предодреден да пропадне бидејќи не бев вклучен во договорот“, изјави актерот.

Актерите Руари Канон и Дени ДеЛило се меѓу оние кои упатуваат нови обвинувања против Спејси во документарецот.

И двајцата во изјави за медиумите зборуваа за непримерното однесување на Спејси кон нив.

На 26 јули минатата година, поротата во судот во Лондон го прогласи Спејси невин за сексуално вознемирување на четворица мажи.

Спејси беше ослободен од девет обвиненија, вклучително и „сексуален напад, поттикнување лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност“.

За време на судењето, Спејси ја негираше вината, велејќи дека „не ја искористил својата моќ за да воведе неименувани мажи во кревет“.

Тој ги опиша обвинувањата како „убод во грб“.

Бритни Спирс жестоко се скарала со момчето, па полугола ја изнеле од хотелот

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

Во август 2023 година, Спирс се шпекулираше дека се „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време рекоа дека се загрижени за неговото криминално минато. Судските записи покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари. Парот се разведе во август минатата година по 14 месеци брак. „Бритни врти нова страница“, изјави извор за Page Six претходно, додавајќи дека разводот бил финализиран „пријателски“ со „строг предбрачен договор“.

Популарно