Сопругата побарала да ја избрка мајка му од свадбата, а тој направил нешто што никој не очекувал

На една свадба младоженецот ја седнал својата мајка на невестинската маса, за што сопругата не била многу среќна, па прашала што бара таа старица таму?!

-Веднаш да си ја исфрлил од тука- рекла таа, на што сопругот не и одговорил ништо, но таа и понатаму инсистирала, старицата да си замине.

Младоженецот отишол до микрофонот и рекол:

-Кој сака да ја купи мојата мајка? Ја продавам зошто мојата сопруга не ја сака!

Сите гледале зачудено и никој ништо не одговорил, па затоа синот си отишол до мајката ја земал во раце и рекол: јас те сакам ако другите не- рекол тој и ди заминал со својата мајка дома, оставајќи ја невестата сам со гостите.

По неколку дена, на неговта а врата се појавил најбогатиот човек од тоа место и му рекол:

Слишнав што се случило на твојата свадба и сакам поради тоа да ти ја дадам мојата ќерка да ти биде жена, зошто ако ти се грижиш така за својата мајка, сигурно ќе ја чуваш и пазиш мојата ќерка.

Франција на нозе се бара причина зошто се раѓаат деца без рачиња

Владата во Франција одлучи да отвори нова истрага за децата родени без раце во неколку региони, изјави денеска министерката за здравство, Агнес Бузин, додавајќи дека е неприфатливо овие случаи да останат нерасветлени.

Одлучивме повторно  да  отвориме истрага во која ќе учествуваат лекарите и стручни лица за животна средина", рече министерката. "Не можеме да бидеме задоволни со фактот дека не ги пронајдовме причините, тоа е неподносливо", рече Бузин. Во Ен се родени седум деца без раце од 2009 до 2014 година, во Атрантска Лора три во 2007 и 2008 година, а во провинцијата Бретања четири деца од 2011 до 2013 годин Овие случаи се  забележани во релативно потесна област и побудија загриженост во овие области. Првата истрага  ја спроведе санитарната агенција на Јавно здравје Франција. Во почетокот на октомври беше заклучено дека случаите во Ен се статистички во национални граници. Меѓутоа, за аномалиите во другите два региона тие немаат објаснување. Министерката рече дека во Франција годишно "се раѓаат помеѓу 80 и 100 новороденчиња со малформации на екстремитетите". Причините можат да бидат генетски или резултат на изложеност на токсични супстанции (храна, животната средина или лекови, седативи и аналгетици што се препишувале на бремени жени, помеѓу 1957 и 1962 година, предизвикувајќи илјадници деца да се раѓаат без рака).

Направете бурек набрзина

Бурек во ролнички:

Потребно е:

1 пакување (500 гр) готови кори за пита

350 гр мелено месо

2 компири

1 главица кромид

1 чешне лук

50-100 мл масло

сол, бибер

Подготовка:

– Во еден сад измешајте ги меленото месо, ситно сецканиот кромид и лук и компирите исецкани на мали коцки.

– Во тава на загреано масло испржете ја смесата со мелено месо и компири околу 5 минути.

– Ставете една кора, премачкајте ја со масло и одозгора ставете втора кора и исто премачкајте ја со масло.

– Ставете неколку лажици од смесата со месо на едниот крај на корите. Завиткајте ја кората како ролат точно до половина.

– Од другата страна исто ставете од филот со месо и повторно завиткајте до половина.

– Со нож исечете ги корите по средината. Наредете ги во намастена тава и одозгора премачкајте ги со масло.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени. По 15 минути од печењето полијте ги ролничките со малку вода и вратете ги да се допечат 10-15 минути или додека убаво не поруменат.

– Извадете ги од рерна, покријте ги со крпа и оставете да се изладат. Исечете ги на парчиња и послужете.

ВИДЕО: Мистериозно суштество на плажа го шокираше светот

Суштество со необична форма се појави на плажа во Нов Зеланд и ги зачуди сите што го видоа.

Налик на желе, со силни виолетови и вели бои, морското битие кое се насука на плажата не изгледа како нешто од овој свет, меѓутоа Националниот институт за вода и атмосфера во Нов Зеланд сепак го идентификуваше суштеството.

Се работи за „лавја грива“, една од најголемите медузи на светот. Адам Дикинсон, кој со сопругата Ева и децата ја посети плажата, рече дека ова суштество било широко речиси половина метар.

„Одејќи по плажата видовме околу 100 насукани медузи“, рече тој.

„На крајот, отприлика на еден час одење наидовме на ова, бевме импресионирани“, додаде Адам.

Под вода краците на овој вид медузи може да достигнат дури 37 метри, што ги прави подолги и од синоиот кит.

Популарно