Грчките спасувачи не ја потврдуваат трагедијата на Кајмакчалан - ВИДЕО од грчките медиуми

Две лица кои се изгубиле вчера попладне на падините на планината Кајмакчалан од грчка страна според извештаите на повеќето грчки медиуми, утрово се пронајдени мртви. Сепак, од грчката против пожарна бригада потврда за трагедијата нема. 

Грчката телевизија „Алфа" објави дека двајца планинари биле пронајдени мртви, информација која беше објавена и на други локални медиуми, но спасувачката служба се уште не ги потврдува трагичните вести.

-Двајцата планинари од Скопје, еден маж и една жена на возраст од околу 30 години, отишле на Кајмакчалан со пријателите. Властите биле алармирани вчера во 14:30 часот, кога започнала истрагата по исчезнатите планинари. Веднаш е даден сигнал на надлежните и специјално обучени спасувачи почнале да ја „чешлаат" областа за пронаоѓање на двете лица, објавија грчките медиуми.

Според Алфа, околу 20 часот синоќа, спасувачите успеале да разговараат со планинарите, но сепак не можеле да стигнат до критичната точка, бидејќи во тоа време преовладувале екстремни временски услови.

-Денеска рано наутро, двете лица се пронајдени починати паднати во клисура, објавија грчките медиуми. 

Противпожарната бригада не ја потврдува трагедијата. Трагичниот настан до сега не е потврден од страна на Противпожарната бригада. Според нивната Канцеларија, направени се процедури за да се пристапи и извлечат двајцата исчезнати, без притоа да се прецизира дали тие се починати.

Мицотакис: Илинденска Македонија е олицетворение на иредентизмот

Илинден и илинденското востание се идентификуваат со македонскиот иредентизам, смета лидерот на грчката опозициска Нова демократија Киријакос Мицотакис и вели дека неговата партија никогаш нема да го прифати ова име.

Мицотакис при посетата на грчкиот остров Крф ги спомена и преговорите за името и новиот предлог, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во изминатите денови слушнавме и јас лично бев избрифиран, дека се разговара за име на Скопје, за името „Илинденска Македонија“. Значи, да разјасниме одредени прашања за оние кои се чини дека не ја познаваат добро нашата историја. Илинденското востание и името на Илинден се идентификуваат со македонскиот иредентизам. Тоа е име што беше идентификувано со националистичко востание, кое тогаш, како централен слоган, го имаше Македонија на Македонците и формирање на една голема Македонија, со главен град Солун. Со други зборови, истото име за кое разговараше и веројатно уште разговара Ципрас, е олицетворение на иредентизмот, рече Мицотакис и додаде дека му се чини дека „секогаш кога Ципрас преговара ноќе и сам, е опасен за националните интереси, изјави Мицотакис.

Претседателот на грчката конзервативна партија одново ги спомена позициите на Нова демократија за ерга омес име и уставна ревизија како предуслов за било кое решение и го повтори ставот дека тие нема да го прифатат конкретното име.

– Навистина се надевам, иако господинот Ципрас уште не не известил, дека ова име веќе го отфрли како неприфатливо, бидејќи ја навредува историјата на нашата земја и кое под никакви околности не може да биде прифатено, додаде лидерот на Нова демократија.

Како што веќе објави МИА, од опозициската партија во петокот соопштија дека „Алекис Ципрас телефонски го брифираше претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис дека со господинот Зоран Заев разговара за името Илинденска Македонија“ и го отфрлија конкретниот предлог.

ВИДЕО: Градоначалникот на Солун нападнат од разбеснета толпа

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис денеска беше нападнат од толпа луѓе за време на церемонијата за одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите – грчко население од Мала Азија кое било протерано во почетокот од страна на Младотурците по што биле приморани да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција.

Тој првично бил исвиркан и навредуван заради некои негови ставови за Турција(!?), но и кон Пондите, и му било препорачувано да го напушти настанот, јавуваат грчки медиуми.

Во почеток Бутарис не реагирал додека некои од насобраната маса не почнале директно да му се закануваат,  а некои не се двоумеа и да го нападнат…

Конечно, придружниците на градоначалникот го извлекоа од од местото за да го заштитат од разбеснетата толпа.

Оливера направи кобна грешка поради која замина во смрт со пријателот

42-годишната Оливера М. е жената која предизвика авионска несреќа во Србија, па почина заедно со 48-годишниот Горан Петровиќ.

Оливера која е мајка на две малолетни деца била на обука, а најверојатно направила грешка како копилот, поради која тој се срушил.

Таа повлекла погрешна рачка и било доцна да се реагира.

Популарно