Идниот вторник - пак споен викенд

Нареден неработен ден за сите граѓани на Република Македонија е 1. мај, Ден на трудот кој паѓа во вторник. После споениот викенд за Велигден во кој уживавме во дури 4 слободни денови, не претстои уште еден таков. Споен викенд ќе имаме и на 24 мај кога (четврток) кој е неработен ден за сите граѓани на Македонија, а денот потоа, 25. мај (петок) е Духовден, кој е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината:

• 01 мај (вторник), Ден на трудот,
• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј" Ден на сесловенските просветители
• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), "Св. Климент Охридски"

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 02 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

ВИДЕО: Проба да и го украде телефонот, а заврши на земја во болки

Еден крадец во Бразил лошо ја проценил девојата на која се обидел да и го украде мобилниот телефон.

Имено, тој го зграпчил телефонот од Сабрина Леите (22), не знаејќи дека таа тренира боречки вештини.

„Почна да бега, потрча по него, го стигна и го турна на земја. Додека лежевме на земја го фатила во шкрипец“  - рече таа за локалните медиуми.

Нејзините пријатели го снимија несреќниот крадец како вреска од болки додека девојката му ги врти прстите на раката и го држи прикован за земја.

Како што рече, тие потези ги научила благодарение на тоа што веќе 4 години тренира џиу-џитцу.

ВИДЕО: Македонско знаме и оро на НБА натпревар!

Синоќа се вееше македонското знаме и се играше пајдушко оро во американската престолнина и тоа на НБА натпревар помеѓу Вашингтон и Кливленд.

Настапот заеднички го организираа Американско-турска асоцијација од Вашингтон и најголемата иселеничка организација на Македонци во светот, Обединета македонска дијаспора (ОМД), со седиште исто така во главниот град на САД, пренесува „Експрес.мк“.

Настанот беше во чест на кошаркарот на Кливленд, Џеди Осман, роден пред 23 години во Охрид од татко Турчин, кој игра за репрезентацијата на Турција, а има македонско и турско државјанство.

ФОТО: Крушево синоќа под снег!

Родното место на Тоше Проевски е градот во кој официјално падна првиот снег. Крушево е обвиткано во снежна покривка, а за тоа сведочат фотографиите кои се шират на социјалните мрежи.

Снежна покривка од шест сантиметри е формирана изутринава во Маврово, а во Крушево и Лазарополе четири односно три сантимери. Најниска температута од -5 степени, пак, е измерена во Берово.

Засега на пониските места односно во градовите нема најави за снежни врнежи. Метеролозите го најавија снегот викендов но само на планиските места.

Популарно