Карлеуша се повлекува!

Јелена Карлеуша соопшти дека повеќе нема да учествува дискусиите за актуелни теми на социјалните мрежи.

Пејачката јавно коментирала се што многумина ги интересира, а сега одлучила да престане да го прави тоа и на Твитер да се огласува само во врска со новите песни и со фотографирање на задникот.

„Драги мои....време е... да се повлечам од твитовите (облеката и задникот ќе ги објавувам, но без коментари). Следното обраќање до фановите, хејтерите и оние неодлучните ќе биде со нов спот. До тогаш...ЗАДНИК', напишала Карлеуша на Твитер.

Фановите изјавиле незадоволство, но порачале дека едвај ги чекаат новите песни.

Зетот на Тоше: Неговата соба остана иста

За легендарниот Тоше Проески што и да се напише никогаш не може да е досадно за читање. За него зборува и неговиот зет Славен Ристески. – Нашиот Тоше беше голем уметник и човек. Тагата која ја остави со неговото заминување не престанува ниту по 11 години. Неговите пријатели, колеги, роднини со задоволство се сеќаваат на пејачот. Не постојат зборови со кои може да се опишат емоциите во нашето семејство. Тоа е бескрајна тага која ќе остане засекогаш. Не е точно дека времето ја лечи болката.

Човек учи да живее со тага. Секој ден без него е долг како една година. На сите ни недостасува Тоше. Секогаш се сеќаваме на заеднички моменти со Тоше. Заедно трениравме кик- бокс, со децата шетавме низ Крушево, возевме велосипед. Сега со децата ги разгледуваме старите видеа и фотографии и се враќаме во време кога Тоше беше со нас. И неговата соба остана непроменета, иста. Тука се неговите фотографии, неговата облека, играчките…. вели со тага во гласот, зетот на Тоше чиј син Кристијан продолжува по музичките патеки на својот славен вујко.

Еве каде ќе се опоравува Дарко Лазиќ по тешката несреќа

Дарко Лазиќ, кој 21 ден се наоѓа на Интензивна нега во Земун, после тешка сообраќајна несреќа, според извори на српски курир, се чувствува подобро и наскоро би требало да ја напушти шок собата.

-Дарко зс десетина дена би требало да биде префрлен од интензивна нега во апартман. По излегувањето од болницата, семејството планира да го испрати во бања поради опоравување на ногата и размислуваат тоа да биде некаде во странство-рекол извор од болницата.

Родителите на пејачот секој ден доаѓаат во посета на синот, наутро и попладне. И утррово беа, но овој пат без вереницата Марина.

На 23 октомври Дарко преживеа тешка сообраќајна несреќа кога неговиот автомобил излетал од патот во нивата и се превртел на кров/

Тој три дена поминал во вештачка кома поради тешки повреди, следеа операции а вметнат му е и вештачки колк. 

Покрај сето тоа пејачот се бори и со апстиненцијална криза.

Шокантно интервју на Миле Китиќ

Миле Китиќ се враќа на стариот звук, кој му донесе најголеми хитови, но признава дека за тоа нема подршка од ќерката Елена, која стана вистинска тинејџер ѕвезда.

"Песната Очи, Плава циганка, Шампањац останаа големи хитови, па затоа решив да се вратам на стариот стил. Едно време снимав нови модерни песни, но понекогаш уфрлам некаја која личи на оние од старите. Често ги прашувам сопругата и ќерката што мислат за песните кои треба да ги снимам, но Елена вели дека не и се допаѓаат. Тоа и јас и кажувам за нејзините песни вели Миле.

- Значи не ги слушаш песните на Елена?
"Не ги слушам. Кога ќе ми пушри нешто јас ненам што да кажам. Мене сето тоа ми е исто, но јас ја подржувам.

- Елена соработува со Раста и често е во неговто студио, познато е дека тој ја пропагира марихуаната, дали се плашиш за неа?

"Тоа што Раста ја пропагира марихуаната е негова работа. Јас за својата ќерка не се плашам, мајка ѝ ја воспитуваше и нема шанса Раста да ја наговори Елена на тој чекор. Јас дрога никогаш не сум користел, дури ни цигари, јас го сакам спортот. Никогаш дури не сум се ни опијанил".

- На Елена и забранувате да настапува по клубови и кафани?
"Мислам дека на Елена рано и е да настапува бидејќи нема доволно песни, нека направи албум. Тоа е причината зошто не и давам да настапи...

- Елена има три пдесни и не настапува, а Кија ги полни клубовите со две?

"Која е таа жена? Не ја познавам"
Победничката од Задруга 1
“Ааа, видов дека е на насловните стани, но прв пат слушам дека е пеачка. Мислам дека некој кој има две песни не треба да настапува. Кога ќе слушнам по клубовите барат пеачки само да ги гледаат, јас им велам нека одат во стриптиз бар и нека гледаат се. Во клубовите се слуша а не се гледа“.

- Јелена Карлеуша само што искулира, помина покрај тебе но не ти се јави...
"Па добро, не треба да се обрнува внимание на тоа, ние сме пријатели. Видов кога изјави дека музиката на Јужни ветар е шунд. Може некој не ја сака таа музика, но мора да ја почитува. Мило мое, Вук самотњак и многу други и понатаму се пеат насекаде. Јас редовно се слушам со Драгана Мирковиќ, и ако се случи некоја песна, можеби повторно ќе снимаме нешто зедничко".

Популарно