ВМРО ДПМНЕ ГО ИЗБРА СВОЈОТ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Денеска ВМРО-ДПМНЕ го избра својот кандидат за претседател на државата за претстојните избори што ќе се одржат на 21 април, годинава.

Со 408 гласа, професорката Гордана Силјановска Давкова делегатите ја избраа за кандидат за претседател на партијата.

-Гласањето се спроведе во најдобар можен ред, се гласаше фер и демократски, со што го добивме идниот претседател на Република Македонија, велат од партијата.

Гласаа вкупно 519 делегати.

Инаку, во изборот за претседателската кандидатура се натпреваруваа Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовска, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков.

Македонец вработен во Швајцарска пошта крадел накит и мобилни од пакети

Македонски државјанин бил осуден на условна затворска казна поради тоа што крадел накит и мобилни телефон од пакети во поштата во Фрауенфелд, Швајцарија каде што бил вработен.

Ова е втор случај годинава македонски државјанин вработен во швајцарската пошта да биде осуден за кражба, откако претходно друг нашинец украл над 120.000 франци, вадејќи пари од писмата во кои Швајцарците испраќале пари за учество во лотарија во Австралија.

Во последниот случај станува збор за 27 годишен државјанин на Македонија, кој со сопругата живее во Швајцарија од 2012 година. Според обвинението, поштарот отворил околу 300 пакети во текот на летото 2016 година, крадејќи накит, часовници и мобилни телефони.

Обвинетиот, кој признал дека сторил прекршок, бил прогласен за виновен за комерцијална кражба, загрозување на безбедноста на поштата и за перење пари. Поради тоа Окружниот суд во Фраунфелд го осуди на условна затворска казна од 16 месеци која ќе стане активна ако во наредните две години направи друго кривично дело.

Тој ќе мора да плати 7.000 франци отштета на поштата, 4.300 франци за правните трошоци и 8.500 франци на адвокатот.

Од истрагата било утврдено дека обвинетиот во летото 2016 годин урл најмалку 52 предмети од пакетите, а истите ги продал за сума од 24.000 франци. Пет мобилни телефони му испратил на татко му во Македонија. Со парите платил долгови, како операција на неговата мајка. Откако бил откриен, тој поминал еден месец во притвор, а Поштата веднаш го отпушти.

Лидер: По братучедот и адвокатот на премиерот влегува во бизнисот

Личниот адвокат на премиерот Зоран Заев, Ване Андреев, е еден од сопствениците на  „Канабис ОНЕ Доо Струмица“, нова компанија за производство на канабис за медицински цели, објави Економски лидер.

Покрај Андреев, во сопствеништвото на компанијата се јавуваат и компанијата „Летерс ДОО – Ресен“, Зоран Јанев, Крис Алман од САД, Славчо Васков – Пинда, како и Сара Еленова од Кавадарци.

Економски лидер тврди дека Заеви се сопственици на една од осумте лиценци за одгледување на канабис, преку компанијата „МАМ“, која е во сопственост на братучедот на премиерот Трајче Заев, а дел од управните структури е и неговиот брат Вице Заев.

Нема траги на насилстбо на телото на момчето

Утврден е идентитетот на младиот гостиварец чие безживотно тело утрово околу 10 часот, беше извлечено од водите на Вардар, меѓу селата Форино и Чегране.

Според информациите од СВР Тетово, станува збор за 20-годишниот Ј.М.

Полицијата информира дека откако неговото тело било извлечено од реката, лекар ја констатирал смртта, а првично не биле констатирани траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Популарно