Стојанче Ангелов лидерот на „Достоинство“, денеска во полиција ќе го пријави случајот со недоличните пораки кои ги добивала неговата малолетна ќерка на Фејсбук, од профил потпишан како Зоран Крстевски.
- Во моментов сум во полиција и ги носам пораките за да го пријавам случајот. Задоволен сум од тоа како сум примен и мислам дека полицијата ќе си ја заврши работата, вели Ангелов во изјава за „Плусинфо“.
Претседателот на „Достоинство“ пред неколку дена јавно се откажа од својот кум и поранешен политички соработник, Зоран Крстевски. Ангелов смета дека токму тој стои зад профилот од кој биле испраќани пораките со сексуално вознемирувачка содржина.
-Зоран Крстевски повеќе не е мој кум, ниту другар, ниту пријател. Зоран Крстевски отсега натаму е мој крвен непријател, напиша Ангелов на Фејсбук.
Крстевски , пак, најави тужба, тврдејќи дека Фејсбук профилот му бил хакиран и дека некој друг пишувал во негово име додека тој не бил дома. Крстевс
Од МВР за Плусинфо изјавиле дека лесно може да се открие точно од кој профил се испраќани пораките и да се утврди кој го користи профилот.
ТУКА можете да ги прочитате пораките кои ги примала ќерката на Ангелов.