Црна боја на столицата може исклучиво да загрижува, но причините не се секогаш опасни.

Која боја на столицата е нормална? Дали само црната столица е секогаш знак на болест? Треба да водите сметка за бојата на столицата, бидејќи може да биде добар показател за вашето здравје.
Како што објаснуваат лекарите, сите нијански на кафена боја се нормални па дури и зеленкаста нијанса. Меѓутоа ако столицата има поинаква боја, тоа може да укажува на сериозни промени во организмот. Темноцрвена боја може да биде предизвикана од карцином на цревата, додека бела или столица со боја на глина укажува на болест на јетрата или жолчната кеса. Црна боја на столицата може исклучиво да загрижува, но причините не се секогаш опасни. До таква појава можат да доведат суплементи на железо, па дури и неколку парчиња на црни колачи или кекси. Сепак, проверете и други симптоми, бидејќи столицата може да биде црна и поради евентуално крвавење во дегестивниот систем или карцином. На карцином укажуваат болки во стомакот, гасови, грчеви и губење на тежина.