Според нутриционистите ова се најдобрите протеини што треба да ги конзумирате

Протеините се клучни за обновување на клетките и ткивата, а исто така помагаат во стабилизирање на шеќерот во крвта и задоволување на гладот. Во вашата исхрана треба да вклучите квалитетни протеини со малку маснотии за ефикасно да изгубите тежина и да го зајакнете и подобрите целокупното здравје.

На пример, масните парчиња месо содржат протеини, но во исто време се полни со заситени масти, соли и други нездрави состојки. Животинските протеини содржат 9 аминокиселини кои се нарекуваат есенцијални бидејќи се неопходни за изградба на протеини, хормони и невротрансмитери, а нашето тело не може да ги произведе, туку мора да се внесуваат со храна. Растителните извори на протеини исто така содржат аминокиселини и можат да бидат дел од здрава и разновидна исхрана.

Нутриционистите составија листа на 7 најдобри висококвалитетни извори на протеини - растителни и животински.

Јајца

Според диететичарката Џули Ептон, јајцата се сметаат за најдобар протеин.

„Јајцата се златен стандард затоа што имаат најмногу аминокиселини. Во однос на биолошката вредност, јајцата имаат 100 поени, а говедското месо 80. Само протеинот од сурутка има повисока оценка - 104 поени“, објасни таа.

Гради од живина без кожа

Градите од пилешко и мисиркино се идеални за билдање, поправка и одржување на мускулната маса бидејќи природно имаат малку заситени масти и сол. Градите од живина без кожа се добар извор на витамин Б, кој е од суштинско значење за синтезата на ДНК, производството на енергија и здравјето на мозокот, а содржат и антиоксиданс селен, кој е важен за имунитетот и здравјето на тироидната жлезда.

Лосос и сардини

Овие масни риби се богати со протеини и природно имаат малку сол и заситени масти, а во исто време се одличен извор на омега-3 масни киселини.

Висококвалитетни растителни протеини

Некои растителни протеини ги содржат сите 9 есенцијални аминокиселини, но повеќето не.

„Ако сте веган или вегетаријанец, многу е важно да јадете разновидна исхрана за да ги задоволите основните потреби“, велат нутриционистите.

Тофу

Тофуто е целосен протеин кој ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини. Тој е одличен извор на железо и калциум и е богат со изофлавони, кои се чини дека помагаат во заштитата од срцеви заболувања, остеопороза и некои видови на рак.

Ф'стаци

Ф'стаците се едни од јаткастите плодови со највисока содржина на протеини. Исто така се добар извор на влакна и незаситени масти. Овие три хранливи состојки заедно во комбинација ги прават ф'стаците моќен потиснувач на апетитот кој може да ве спречи од прејадување.

Леќа

На леќата ѝ недостасуваат есенцијалните аминокиселини цистеин и метионин, но не дозволувајте тоа да ве спречи да ја вклучите во вашите оброци. Таа е одличен извор на растителни протеини. Една чаша обезбедува околу 18 грама протеини и 15 грама влакна за намалување на холестеролот, што е речиси една третина од вашите дневни потреби за влакна.

„Полна е со процијанидини и флаваноли, кои се моќни антиоксиданси со антиинфламаторно и невропротективно дејство“, велат нутриционистите.

Не заборавајте да јадете различни растителни протеини за да го снабдите вашето тело со сите есенцијални аминокиселини што му се потребни.

Коментари

Популарно