Најавено е локално невреме со пороен дожд и грмотевици за денес и утре

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека за денес попладне и во вечерните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Во Скопје денес попладне и во вечерните часови ќе преовладува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава и на краткотрајно невреме, кое ќе биде застапено и утре. Ова локално невреме проследено со пороен дожд и грмежи ќе го има и утре, особено во источните делови, а потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време.

Но, за време на викендов повторно се очекуваат нови врнежи од дожд.

Од Управата за хидрометеоролошки работи препорачуваат да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја и се препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења.

Коментари

Популарно