Сашко од скопско Миладиновци ја пронашол малата Марија од Србија која се загубила во Неа Флогита

По веста дека малата Марија(3) од Србија исчезнала за време на нејзиониот одмор во Грција ја крена јавноста на нозе. За нејзина среќа ја пронашол Сашко Радуловиќ, Македонец од скопско Миладиновци и ја споделил веста на Фејсбук.

„Најдовме тригодишно девојче кое беше изгубено во Неа Флогита, во близина на Филатеки. Нејзиното име е Марија, доколку некој ги знае родителите нека не извести“ напишал Сашко во групата „Грција инфо“ а со објавата објавил и слика од девојчето.

Објавата се рашири со брзина на светлината каде беше споделена над 3000 пати и беа оставени 1800 коментари, а во меѓувреме биле контактирани безброј луѓе со една единствена цел девојчето да се врати кај родителите.

Сашко повикал полиција, која дошла по повеќе од еден час по објавата и го однела девојчето во полициската станица во Неа Мудања.

Малото девојче било пронајдено околу 23 часот, но не знаела од каде е, ниту како се вика нејзиниот татко.

Таа рече дека има брат Андреј и мајка Ана. Сашко и купил газиран пијалок и разговарал со неа додека не дошла полиција, а тој се погрижил девојчето да не биде премногу исплашено и истрауматизирано од ситуацијата во која се нашла.

Се бира наследникот на Ковачевски: Каква одлука ќе донесат социјалдемократите?

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места ширум земјава, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23 илјади акредитирани партиски членови.

Во трката за нов лидер на СДСМ остануваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА Александар Бајдевски, откако поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, вчера, на еден ден пред изборите ја повлече кандидатурата.

Преку официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во СДСМ, Петровска побара нејзиното име да не стои на избирачкото ливче, иако во изјава за медиумите рече дека таа сепак ќе се најде на избирачкото ливче, бидејќи материјалите биле веќе отпечатени.

Таа ги повика останатите тројца кандидати да се откажат од внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата, бидејќи, како што рече, изборниот процес бил нефер, односно еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата. Посочи дека до неа стигнале информации дека во определени општински организации се појавиле одреден број гласачи, кои не побарале да бидат регистрирани, односно, како што рече, некој користејќи ги алатките во нивно име ги регистрирал.

Четворицата кандидати месецов водеа предизборна кампања, најавувајќи реформи во партијата, како и обединување на членството.

Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, рече дека Комисијата работела напорно за да спроведе транспарентен и демократски процес, затоа внатрепаритското гласање в недела ќе се одржи.

Во врска со вчерашните забелешки на Петровска, Мадиќ рече дека тоа е нејзино право. Нагласи дека дел од доставените приговори од страна на некои општински организации биле прифатени, дел не.

Избирачкиот список ќе брои вкупно 23.373 акредитирани членови на СДСМ.

Досега, на чело на партијата беа Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

18-годишна девојка пријавила дека ја тепал вонбрачниот сопруг

МВР соопшти дека вчера во 20 часот во СВР Куманово 18-годишна кумановка пријавила дека околу 18 часот во домот на нејзините родители во Куманово била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг Ф.Р.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Каде исчезна Злата од Свети Николе? Не повикала такси на денот кога исчезнала

Веќе две недели трае мистеријата со исчезнувањето на 45-годишната Злата Јанкова од Свети Николе, семејна жена, мајка и сопруга, на која и се изгуби траг среде бел ден во селото Орел, каде имаат семејна викендичка, откако тргнала да си оди дома во Свети Николе.

Нејзиниот сопруг Дејан за ,,Фокус” раскажува дека изминатиот период сите се вознемирени и се во потрага по одговори. Не знаат како може да исчезне возрасна жена среде бел ден, во мало село каде сите меѓусебно се познаваат, и до денес да не може да се дојде до било каков траг.

-Јас работам земјоделие во Орел, а Злата секој викенд доаѓаше овде и остануваше да ми помогне. Дента кога исчезна, кажа дека ќе си оди дома, како што се случуваше и секогаш во недела. Се беше вообичаено, рече дека ќе си оди со такси и замина. Тоа беше последен пат како ја видов. Исчезнувањето го пријавивме во полиција, насекаде се пребара, цели екипи се вклучија, ја бараа и со дронови, ние исто така насекаде бараме.

Од полиција добив информација дека не повикала такси, па останува мистерија што се случило, каде заминала, кого сретнала по пат… Таа секогаш беше жена за пример, посветена на фамилијата, одговорна, таа беше столбот на нашиот дом. Да исчезнеше во голем град, каде има секаков народ, ама вака, во мало село, каде сите се знаат, се знае кој каде оди, кој на кого му дошол на гости, ова е навистина загрижувачко, вели сопругот.

Додава дека телефонот на Злата се исклучил наредниот ден, најверојатно бидејќи му се потрошила батеријата, но се уште не бил лоциран последниот сигнал.

-Не можел да се лоцира телефонот, тоа ми беше кажано од надлежните служби, значи досега нема никаков траг. Она кое не загрижи сите е тврдењето на човек кој работи земјоделие овде и кој и во полиција кажа дека додека работел на нивата, дента кога исчезна Злата, забележал автомобил со скопски таблички, сребрен Голф, а во него имало две жени. Автомобилот уште не е пронајден, не знам ниту самиот што да помислам, дали таа била внатре.

Размислувам дека доколку некоја жена и понудила превоз, таа би влегла во автомобилот, би имала доверба да се качи внатре со жена дури и ако не ја познава. Тоа беше единствениот траг, тој автомобил, но и тука работата застана во место, ништо ново не се дозна, раскажува Јанков.

Во близина на селото имало брана за која вели дека целата била била пребарана, дошле и нуркачки екипи. Додава дека на семејството му преостанува само да чека, а за агонијата низ која минуваат вели дека е нешто кое никогаш не претпоставувал дека може да им се случи.

-Ни на сон вакво нешто не сум можел да претпоставам, премногу ни е тешко на сите и се трудиме да не губиме надеж. Но, времето си минува, две недели не е мал период. Замолувам доколу некој има било каква информација, да пријави во полиција. Кога исчезна, Злата беше облечена во плави тренерки, маица со бела и розова боја и сиви патики. Не носеше ташна со себе.

Висока е околу метар и половина, со нормална градба. Ние сме луѓе кои немаме никакви долгови, кои чесно работиме цел живот, немаме конфликтни ситуации, ниту пак непријатели. Таа сама, никогаш не би заминала и не би го оставила семејството и сакаме да дознаеме што и се случило! Апелирам ако некој нешто знае, да јави во полиција, порача сопругот.

Популарно