Невреме со силен дожд, град и грмотевици во Скопје

Скопје вечерва е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места. 

Во моментов силен дожд, проследен со грмотевици и ситен град има во скопската населба Ѓорче Петров, Карпош и во центарот на градот.

Претходно со силно невреме беше зафатен Полошкиот регион. 

Се препорачува граѓаните да не бараат засолниште од дождот под осамени дрвја.

Поплавени домови во Волково

Големото невреме кое денеска го зафати скопскиот регион предизвика поплави во скопско Волково.

Обилните врнежи ги поплавија домовите и подрумите на жителите на Волково. Екипата на Сител на терен затекна жители на ова скопско село како се справуваат со последиците од невремето.

Од ЕВН информираа дека е прекинато снабдувањето со електрична енергија во Волково.

Падна дрво врз автомобил кај Тутунски комбинат

Невремето освен во Тетово направи хаос и во главниот град. Освен што паѓа град голем колку кајсија во Центар, од терен пристигна информацијата дека дрво паднало врз автомобил кај Тутунски комбинат близу рампа кај Кисела Вода.

Нема информации за евентуелни повредени лица. 

Популарно