На прашањето каде за Нова Година одговараат македонските политичари !

Градоначалниците министрите, но и  и политичарите и од опозицијата и од власта – Новата Година ќе ја дочекаат скромно. Речиси сите кои одговорија на анкетата на Фактор посочија дека Новата Година ќе ја дочекаат дома или во некој до македонските туристички центри.

Зоран Ставрески, министер за финансии

„Ќе бидам на работа до 19 -20 часот, а потоа ќе бидам дома, одговори Зоран Ставрески за Фактор.

Зоран Заев, претседател на СДСМ

„Деветта година по ред, традиционално ќе бидам со штитениците во Заводот за рехабилитација Бања Банско„, изјави за Фактор Зоран Заев.

Иво Ивановски, министер за информатичко општество

„Новогодишната ноќ ќе ја поминам во домашна атмосфера. Секако, малку ќе поминам и скопскиот плоштад каде ќе има организиран дочек“, изјави за Фактор Иво Ивановски.

Кире Наумов, СДСМ

„Новогодишната ноќ ќе ја поминам дома со семејството и со пријатели. А за Божиќните празници ќе бидам во Крушево“, изјави Кире Наумов за Фактор.

Андреј Жерновски, градоначалник на општина Центар

„Ќе бидам на скверот Јадран. Во склоп на манифестацијата Град во градот, која ја организира нашата општина. Очекувам Суперхикс и Прљаво казалиште да приредат одлична забава“, изјави за Фактор Андреј Жерновски.

Повеќе на: Фактор.мк

Коментари

Популарно