Долгогодишните сопернички, актерките Сандра Булок и Џулија Робертс сакаат нивниот пријател и колега Џорџ Клуни да ги поддржи во кампањата за доделување на Оскар.
Имено, Сандра се надева на златната статуетка за најдобра глумица, а Џулија за најдобра споредна улога.
Во оваа „војна“ Џорџ се нашол во незавидна положба, бидејќи со Сандра глумел во филмот „Gravity“, а исто така е продуцент на филмот во кој игра Џулија „August: Osage County“.
Четириесет годишната Џулија свесна за ситуацијата инсистира колку е можно повеќе да се појавува во медиумите заедно со Клуни.
- Џулија е неправедна, бидејќи Џорџ поминал многу повеќе време промовирајќи го филмот со неа отколку со Сандра. Тој не смета дека на Сандра и е потребна помош и промоција за да освои Оскар. Џулја во тоа не верува и го користи за да влезе во следниот проект со него, со цел да ја отфрли Сандра од приказната, изјави близок пријател на Булок.
Ривалството меѓу овие две глумици трае уште од 1994 година, кога Сандра по улогата во филмот „Брзина“ ја прогласија за идната Џулија Робертс.