Едноставен ТЕСТ: Каква личност сте?

9 различни симболи и 9 различни типови на карактери. Кој е вашиот симбол? Одберете и проверет што кажува за вас.

20140324-izberete-simbol-i-doznajte-kakva-lichnost-ste-1

1. Сакате слобода

Слободата за вас е најважна - за вас нема ништо полошо отколку чувството на заробеност. Немате ништо против промена на работното место или преселување во друг град, бидејќи вас едно место не ве држи. Слично е и со врските- луѓето ве гледаат како личност која најмногу ја цени слободата и дише со полни гради, и е во согласност со мотото „Само еднаш се живее“. Привлечни им сте на луѓето кои имаат помалку енергија од вас. Едноставно кажано - вие сте здив на свеж воздух.

2. Независни и неконвенционални

Вашиот стил на живеење е индивидуалистички. Не ја следите масата, туку живеете во согласност со сопствените идеи и верувања, дури и тогаш кога значи дека се издвојувате од другите. Барате слобода и независност кои ви овозможуваат сами да го одредите вашиот курс. Во некои сегменти на работата или слободното време, врзани сте за уметноста. Вашиот нагон за слобода понекогаш предизвикува да правите спротивно на она што се очекува од вас. Едноставно кажано - вие живеете на свој начин.

3. Чувствителни и замислени

Вие сте во состојба да бидете со часови сами со вашите мисли и да не ви биде досадно. Мразите површност и порадо би биле сами отколку да трпите дружење и разговори кои немаат смисла. Вашите односи со пријателите се силни, што ви дава внатрешен мир и хармонија. Кога сакате, сакате длабоко, но доколку саканата личност ве изневери, нема лесно да и' простите. Вашата душа живеела многу животи пред овој, така што сте виделе многу. Она што ви треба е да се насочите на важните работи и да ја пронајдете смислата на постоењето.

4. Приземни и шармантни

Имате автентичен шарм, а она што ќе го посакате, тоа и обично го добивате. Луѓето ви се воодушевуваат бидејќи ве гледаат како комплетна личност. Цврсто стоите на земјата со двете нозе и другите можат да се потпрат на вас. Додека другите ги комплицираат своите животи со дилеми и изговори, вие сте на чисто со вашите постапки. Вие сте како карпа, а иако некои не сакаат да признаат, вие сте сонцето околу кое другите се вртат. Вие сте личност на која и' е важна суштината.

5. Стручни и самоуверени

Вие преземате одговорност за вашиот живот. Повеќе верувате на вашите способности и делување, отколку на среќата. Проблемите ги решавате практично и едноставно. Реално гледате на работите во животот и ги решавате без многу врева. Во работата сте одговорни, а кај другите влевате самодоверба. Вие сте родени да бидете лидери и организатори. Иако сте добар тимски играч, најдобри резултати ќе имате доколку водите некој тим.

6. Смирени и безвременски

Кај вас се' е лежерно, но и дискретно. Поседувате одредена безвременска елеганција од типот на Одри Хепберн. Иако без напор склопувате пријателства, во состојба сте да ја зачувате приватноста и независноста. Со текот на времето сакате да размислувате за смислата на животот. Кога ви треба простор, одите во самотија. Вашиот однос кон самите себеси и светот е јасен, го цените животот и сте благодарни на она што го добивате од другите. Имате силни животни цели.

7. Културни и класични

Вие сте културна и класична личност која цени она кое што не може да се купи со пари - квалитетен разговор, оригинални идеи, музика и уметност. Имате смисла за фер игра - обично ги гледате и двете страни на паричката. Ретко дозволувате да ве водат емоциите, повеќе сакате работите да ги гледате и процените рационално. Тивки сте, имате голема смисла за логика и притоа сте сочувствителни и љубезни. Тоа се оние „старомодни“ начела кои човек го прават господин/дама. Вие сте безвременски - класика, личност на која многу и' се восхитуваат и сакаат да ја копираат.

8. Чувствителни и спиритуални

Вие сте чувствителни и спиритуални, а животот не го гледате само од рационално гледиште. Имате силна интуиција и верувате во вашите чувства. Секогаш морате да имате некои соништа кон кои тежнеете, во спротивно нема да бидете среќни. Сакате да работите на себеси и да дадете придонес за подобар свет, макар и во најмала мерка. Сакате да се дружите со луѓе кои имаат отворена душа, кои веруваат дека животот е многу повеќе од тоа што гледаме, слушаме или чувствуваме. Едноставно - имате изразено шесто сетило.

9. Динамични и мотивирачки

Вие сте двигател и мотиватор. Спремни сте да ризикувате за да ви биде поинтересно. Рутината ве парализира. Мора да ви дадат прилика да ги изразите вашите идеи и да ги претворите во дело. Имате способност да ги развеселите другите, дури и во најтешките моменти. Следете го вашиот ентузијазам бидејќи за вас патувањето е исто важно колку и дестинацијата.

(Видео) Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси

Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.

На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.

Целото видео погледнете го ОВДЕ

Еден знак го очекува огромен финансиски приход

ОВЕН

По една година Сонцето влегува во третата куќа, носејќи ви нови контакти и деловни аранжмани, договори, состаноци, пократки патувања. Средба со роднина која долго време не сте ја виделе. Пријатни моменти заедно со саканата личност. Намалете го внесот на шеќер.

БИК

Владетелот на вашата приватност, Сонцето, влегува во втората куќа во која веќе се наоѓаат вашиот владетел Венера и Јупитер, што ви носи популарност, пари од два извора на приход, патување. Ве привлекуваат две подеднакво интересни личности. Алергија.

БЛИЗНАЦИ

Сонцето кое управува со вашиот начин на размислување и договарање, по една година влегува во вашиот знак и ви носи нови состаноци и познанства и нова љубов за оние кои се слободни. Двојни извори на приход, чести патувања. Поддршка од роднина или личност на позиција.

РАК

По една година, Сонцето, владетелот на вашиот деловен живот, влегува во куќата на инспирацијата и тајните, носејќи ви средба со некој кој ќе има поволно влијание врз понатамошниот тек на вашата кариера. Уметниците добиваат поддршка од истакнати и влијателни личности.

ЛАВ

Вашиот владетел, Сонцето, симбол на угледот и успехот, по една година, повторно во вашата 11-та куќа, носи остварување на желбите, плановите и идеите, особено на јулските Лавови. Во нивните животи влегуваат нови пријатели, луѓе со углед, образование и влијание.

ДЕВИЦА

Сонцето, кое управува со вашата интуиција и инспирација, по една година влегува во куќата на кариерата, носејќи им успех и нови деловни проекти на Девиците родени на крајот од знакот. Тие исто така можат да започнат или прошират приватен бизнис. Вишок тежина.

ВАГА

Владетелот на вашите планови и пријатели, Сонцето, по една година влегува во куќата на љубовта и креативноста, носејќи им успех на септемвриските Ваги, чија професија бара креативна нишка. Запознавање со истакнати личности, идни пријатели. Судбинска љубов.

ШКОРПИЈА

Сонцето, кое владее со вашата кариера, по една година влегува во вашата куќа на парите и прави триаголник со вашиот владетел Плутон, што ви носи шанси да започнете некоја независна активност во вашиот дом. Зделките за недвижнини заработуваат пари.

СТРЕЛЕЦ

Сонцето, владетелот на контактите со непознати, по една година влегува во куќата на партнерствата, носејќи ви нова љубов која може да заврши со брак. Парите пристигнуваат преку интелектуални работи, медиуми, пишување, нови технологии, пократки патишта.

ЈАРЕЦ

Владетелот на вашите финансии, Сонцето, по една година влегува во домот на бизнисот и ви носи двојни извори на приходи преку услуги и активности поврзани со медицина, нега, здрава исхрана, деца, домашни миленици.

ВОДОЛИЈА

Влегувањето на Сонцето, кое управува со вашите партнерски односи, по една година, во петтата астролошка куќа, носи нова љубов и проширување на семејството на слободните Водолии. Успех во креативните и професиите кои вклучуваат да се биде во очите на јавноста.

РИБИ

Сонцето, владетелот на вашите секојдневни работи и здравје, по една година влегува во куќата на приватноста, давајќи им шанса на Рибите родени на крајот од знакот да започнат некаква самостојна активност. Февруарските Риби треба да внимаваат на исхраната.

Три хороскопски знаци кои размислуваат премногу

Сите имаме моменти кога размислуваме премногу, но некои луѓе понекогаш претеруваат, што може да влијае на нивното ментално здравје.

Ако сте се запрашале кои се најголемите астролошки аналитичари, ѕвездите ги имаат одговорите. Луѓето родени под овие хороскопски знаци размислуваат премногу.

Девица

Девиците се познати по нивната прецизност и потреба од ред. Тие се оние кои ќе забележат дека сликата на ѕидот е искривена за милиметар и нема да мируваат додека не ја поправат. Оваа потреба за совршенство често ги води во бескрајни кругови на размислување.

Вага

Вагите се познати по нивната љубов кон рамнотежа и хармонија. Тие се дипломатите на зодијакот, секогаш се трудат да го најдат најдоброто решение за сите ситуации. И иако тоа е прекрасно, често ги доведува во состојба на парализа од претерано размислување.

Риба

Рибите се познати по својата имагинација и интуитивност. Нивниот богат внатрешен свет ги прави креативни и сочувствителни, но тие исто така можат да бидат склони кон претерано размислување. Рибите често лебдат помеѓу реалноста и светот на соништата. Нивната чувствителност и склоност кон интроспекција може да ги наведат да ги преанализираат своите чувства и постапките на другите.

Рибите често ќе се најдат себеси како размислуваат за сценаријата „што ако“ и се губат во своите мисли.

Популарно