Желбите на султан Сулејман пред смртта и поуката од нив

Султан Сулејман, пред својата смрт  го повикал началникот на армијата и му ги кажал трите желби:

sulejman

1. Тој побарал ковчегот да го носат најдобрите лекари на Отоманската империја во тоа време.

2. Втората желба му била по целиот пат по кој ќе се носи ковчегот да се фрлаат златници и скапоцени камења.

3. А третата желба му била за цело тоа време неговите раце да бдат надвор и сите да ги гледаат.

Кога началникот на армијата прашал каква е причината за овие желби, Сулејман објаснил:

Најдобрите лекари да го носат ковчегот за да видат сите дека дури и најдобрите лекари се немоќни пред лицето на смртта. Зошто злато, за да можат сите да видат дека богатството што го добиваме во овој живот, останува на овој свет.

А сите да ги видат моите раце и да разберат дека дури и семоќен Султан Сулејман си заминува од овој живот со празни раце.

За Василица се крши погача со златник, велат од Бигорскиот манастир

Некои семејства лепчето со паричката го поделија за Бадник, други се подготвуваат тоа да го сторат за Василица која се слави следната недела. Секој крај си има свој обичај. 

Во се­ко­ја ку­ќа се ме­си крав­ја­че, пи­та или по­га­ча во ко­ја се ста­ва па­ра.

Си­те при­сут­ни во сво­јот дел од крав­ја­че­то ја ба­ра­ат па­ра­та и тој што ќе ја нај­де се сме­та за нај­среќ­ни­от во го­ди­на­та што прет­стои.

Некои од цр­ков­ни­те ли­ца се сог­ла­су­ва­ат де­ка за Бад­ник тре­ба да си до­ма. Но, ве­лат, леп­че­то со па­ри­че­то оста­ве­те го за Ва­си­ли­ца. Оби­ча­јот на Бад­ник да сед­не­ме на ма­са и да кр­ши­ме леп­че со па­рич­ка не е цр­ко­вен, ту­ку фолк­ло­рен оби­чај. 

Зошто на празникот на Св. Василиј се става златник или паричка, а не на Бадник? Одговор и детално појаснување за верниците за ова прашање пред неколку години дадоа надлежните од Бигорскиот манастир. 

- Свети Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на Свети Василиј, 1. јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија, појаснуваат оттаму. 

Сепак на луѓето им останува да си го направат својот избор, дали лепче со паричка ќе има на Бадник или пак на Василица. 

Лепче со паричка на Бадник или на Василица?

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености.

Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, Св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан. За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје.

Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната „василопита“, Св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

Православните христијани го слават Бадник

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.

Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2025, а здравичар е Атанас Петров, кој на платото пред Соборниот храм ќе ја каже здравицата во пресрет на Божик. 

Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората и чајот, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.

Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“, Христовото раѓање напладне во Скопје и други градови низ земјава,  ќе го најават децата со бадникови поворки, пеејќи ја „Вечниот Бог“.

Во Скопје се очекува да биде формирана досега најдолгата бадникова поворка, а за дечињата се подготвени повеќе од 3.500 коледарски пакетчиња.

Поворките ќе тргнат пред Музејот на Град Скопје, со движење низ улицата „Македонија“, а ќе завршат на Плоштадот во Скопје, каде што ќе се одржат голем Божикен концерт, креативни работилници за децата на кои секое дете ќе може да изработи своја ѕвезда и да ја зачува за следната година, драмски претстави за сите возрасти, како и традиционално дарување од градоначалниците, кои ќе ги пречекаат дечињата, како најрадосни предвесници на Христовото раѓање.

На плоштадот во Скопје уште претходно беше поставена пештера на Христовото раѓање, создадена од врвни уметници и волонтери.

- Бадниковите поворки и во 2025 година ќе внесат весела празнична атмосфера во домовите на сите православни христијани, ширум земјава и странство. Затоа, ајде сите заедно да ја пренесеме божикната радост во секој град, секое населено место, во секој дом и да го почувствуваме благословот на Христовото раѓање, порачаа од Здружението „Бадникови поворки“.

Поради одбележувањата на Бадник, денеска на подрачјето на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. 

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Популарно