Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето

Научници од Јужна Кореја анализирале податоци на околу 5,4 милиони поранешни и сегашни пушачи и непушачи и откриле дека, понекогаш, може да бидат потребни и до 25 години за повторно да се намали опасноста од срцеви заболувања, откако едно лице ќе се откаже од цигарите. Наодите се објавени во списанието „Јама нетворк опен“ (Jama Network Open).

Јужнокорејскиот истражувачки тим предводен од Џун Хван-чо проучувале податоци од Корејската национална служба за здравствено осигурување. По речиси 15 години следење, истражувањето открива дека сегашните пушачи имаат најлоши последици. Пушењето и опасноста од кардиоваскуларни болести, како што пренесува списанието „Сити магазин“ (City Magazine), зависат од бројот на испушени цигари, без оглед на откажувањето од пушењето – вели заклучокот на научниците.

Кај сите поранешни пушачи, откажувањето од пушење било поврзано со значително намалување на опасностите. Сепак, ова зависи и од кумулативната изложеност на чад и повеќе години по откажувањето. Во споредба со сегашните пушачи, луѓето кои пушеле помалку, имале помала можност за појава на болести околу срцето во првите пет до 10 години по откажувањето.

– Ако дозата на чад кај луѓето кои почнуваат да пушат не надминува одреден праг или тн. „точка од каде што нема враќање“, тие можат да очекуваат рано подобрување на здравјето ако престанат да пушат. Пушењето во траење од осум години е означено како „точка од којашто нема враќање“. Затоа, откажувањето од пушењето пред да осумгодишно континуирано пушење може да има значителни придобивки за јавното здравје, вели Џун.

Британка веќе 76 години добива божиќна честитка од својата германска пријателка која никогаш не ја сретнала

Британка, која е веќе прабаба, со живеалиште во Лондон, сè уште, секоја година, ѝ испраќа и добива божиќни честитки од својата пријателка – Германка, напишани со пенкало. Овој своевиден обичај на допишување почнал кога овие две жени тогаш имале околу 12 години.

Имено, Силвија Перкинс од југоисточен Лондон, почнала да ѝ пишува на Лиза Кул од Германија во 1948 година, додека одела во женското училиште „Моноу Роуд“, во годините по Втората светска војна. Перкинс призна дека таа е единствената од своето одделение која продолжила да ѝ пишува писма на својата другарка преку морето. Повеќето другите ученици во нејзиното одделение го завршиле своето допишување по завршувањето на проектот,  но Перкинс продолжи да ѝ пишува на Кул, која сега има 89 години.

И покрај тоа што никогаш не разговарале по телефон, ниту пак, лично се сретнале, тие продолжуваат да ги споделуваат новостите за своите животи – цели 76 години.

– Имавме задача на часовите по Англиски јазик каде што ни беше дадена адреса, и секако – напишавме писма, а претпоставувам, училиштето и ги објави. Потоа ни преостана да одиме по својот пат, но мајка ми ме охрабри да продолжам да пишувам. Се сеќавам на еден Велигден – мајка ми, која беше „многу паметна мустра“, купи прекрасна марама за Лиза што ѝ ја испративме за Велигден, раскажува Перкинс.

Таквите гестови, се чини, го зацврстиле другарството меѓу двете девојчиња.

– Таа сигурно беше иста како мене. Таа мора да има ист темперамент како мојот и јас го ценам тоа, додаде Перкинс.

Таа вели и дека иако училишната вежба била резултат на војната, со Кул никогаш не зборувале за тоа.

– Тие денови немавме социјални мрежи. Само пенкало и хартија, нели?, рече Перкинс.

Нејзината најнова божиќна честитка од Кул гласи: „Драга Силвија, измина уште една година, а ние сме една година постари – 88 и 89 години. Ти си прабаба, па и јас сум ‘прабаба’ на Јоши – новото куче на мојот внук Јонас и неговата сопруга. 2024 беше добра година, со добро здравје. Јас сум во мојата куќа. За тебе и твоето семејство, ви посакувам многу среќен Божиќ и здрава 2025 година. Твоја, Лиза“.

Перкинс, вели, со нетрпение ја очекува секоја честитка на Кул за Божиќ, за да знае дека е сè уште жива и здрава.

– Тоа е само една божиќна годишна честитка, но јас ќе ја добијам таа божиќна честитка и си велам: Одлично, таа сè уште се држи!, рече таа.

За нејзиниот 50-ти роденден, ќерката на Перкинс – Џоун се обидела да организира Кул да дојде во Лондон, но не можела поради лошото здравје на нејзиниот сопруг.

ФОТО: Радост во скопската ЗОО - се родија бебиња пингвини

Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека „Новата година во Скопје ЗОО ќе ја започнеме со две бебиња пингвини“.

„Нашиот пар Џонатан и Лила се родители на две мали пингвинчиња кои се испилија на 23-ти и 26-ти ноември.

Пингвините несат по најмногу две јајца, а најчесто преживува само едно, но во Скопје ЗОО со сета грижа успешно се справуваме со овој предизвик веќе трета сезона и ова е трета година како што имаме бебиња, што е голема реткост во поголемиот број зоолошки, но и во природата. Да ни се живи и здрави“, велат тие во објавата.

Популарно