Морничави детали од убиството во затворот – Го заклал од уво до уво и му го јадел лицето

Осуденикот Марко Јовановиќ (27) од Ниш, кој во својата затворска ќелија во Падинска скела го закла цимерот Рамиз Шариќ (34) крвавиот пир го направил така што со жилет го исекол од уво до уво, а потоа му одризнал и дел од увото.

Убиецот, според пишувањето на белградските медиуми, тука не запрел, па со крвта која прскала од вратот на цимерот по ѕидовите на келијата ги испишал имињата „Цеца и Јеца“.

-Според првите резултати од истрагата, мотивот за нападот на Јовановиќ во ноќта меѓу вторникот и средата е тоа што не му се допаѓала музиката која Шариќ ја пуштал во ќелијата. Поради тоа се претпоставува дека ги напишал имињата на фолк пејачките Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша, открива соговорник од истрагата.

Инаку Јовановиќ во 2010 година во текот на судењето за убиството на поранешната девојка и нејзиниот сосед се обидел да се извлече глумејќи непресметливост.

Во текот на главниот претрес гледал во една точка пред себе, не давајќи никакви сигнали дека е свесен каде се наоѓа.

Кога е повикан да ја изнесе одбраната, се однесувал ирационално, говорејќи дека слуша крици на некое девојче.

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Патот до Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да се ратификуваат во Парламентот, доколку од другата страна нема целосно почитување на Договорот од Преспа, порача денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи пред граѓаните во грчкиот град Верија во северниот дел на Грција, Мицотакис се осврна и на односите со нашата земја, повторувајќи го ставот на Нова демократија за Договорот од Преспа и уште еднаш посочувајќи дека усогласувањето е неопходен услов како за европската перспектива, така и за ратификација на меморандумите за соработка.

- Би сакал од овде, од срцето на Македонија да сум целосно јасен. Нова демократија не го гласаше Договорот од Преспа и изразивме сериозни приговори кога се ратификуваше во грчкиот Парламент. Но, рековме со апсолутна искреност, никогаш не ве измамив, дека штом се изгласа овој Договор, практично не може да се смени и ќе бидеме принудени, и покрај проблемите што ги има, да го почитуваме. И ова го сторивме. Ако некои веруваат дека може од нивна страна да не го почитуваат Договорот, да знаат две работи: прво нивниот пат кон Европа ќе остане затворен и второ, меморандумите што треба да ги ратификуваме, нема да се ратификуваат, сè додека нема апсолутното усогласување. Апсолутно усогласување од новата Влада согласно она што го предвидува Договорот, рече Мицотакис, пренесе МИА. 

Видео: Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето

Полуматуранти од Основното училиште во Доња Горица, Црна Гора, наводно го запалиле училиштето за време на матурската прослава.

На страницата на Инстаграм „Подгорички времеплов“ објавено е видео од пожарот, каде што е наведено дека пожарот бил предизвикан од факел.

„Полуматурантите со факел го прославија крајот на школувањето, а потоа го запалија училиштето во Доња Горица“, се наведува.

Премиерот Фицо е во свесна состојба

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми.

Но, медиумите не наведуваат детали за здравствената состојба на Фицо, кој вчера беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ.

Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата.

Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

Популарно