Петнаесет работи што се прават само во Македонија

Холанѓанка живеела една ипол година во Македонија, пред да направи листа од најинтересите работи што ги прават само Македонците. Таа листата ја објавила на својот блог.

1.Македонците користат ракија за сè! Најпрво место за пиење, но имате проблеми со затнат нос? Помирисајте ракија! Ве каснал комарец? Ставете ракија на местото. Прозорците на автомобилот ви се нечисти? Земете ракија. Имате мала рана? Ставете ракија на неа.

2. Македонците секогаш ќе ве прашаат колку пари чини нешто. Имаш нов часовник? За колку пари го купи? Нов автомобил? Колку пари чинеше? Изгледа ова е многу важно прашање овде.

3. Сè се врти околу храната. Главното прашање на денот: што има за ручек и вечера? Исто така тие сакаат да зборуваат со часови за храна.

4. Заради некоја причина совршено нормално е да имате теписи насекаде, и тоа во сите големини и форми. Дури и подот во кујната често е прекриен со тепих.

5. Сите имаат прекар кој воопшто не ни наликува на нивното име. Но повторно, повеќето Македонци не се многу креативни во поглед на имињата. Најчести имиња тука се Александар и Ана. Така што, да, мора да има прекар за да не го викнете случајно погрешниот Александар…

6. Секогаш се жалат дека немаат пари, а сепак кафулињата се постојано преполни.

7. „Промаја“ е всушност провев во куќата и според постарите генерации нешто кое сигурно ќе ве разболи и е многу лошо, па затоа чувајте ги вратите и прозорците затворени!

8. Не разбираат кога ќе им кажете: не можам повеќе. Особено бабите во оваа земја ќе ве натераат да се прејадете и во никој случај нема да прифатат „не“ за одговор.

9. Целосно се трансформираат кога ќе влезат во автомобил. Македонците во глобала се многу љубезни луѓе, но штом влезат во автомобил како да добиваат самоубиствени нагони. И мојата реакција не е претерана по ова прашање.

10. Тротоарите се користат за паркирање наместо за движење. И никогаш не возете по десната лента, бидејќи таа е наменета за автобуси и автомобили кои едноставно застануваат овде-онде. Или почнете да возите во рикверц на булевар – да и тоа е можно во Македонија.

11. Не послужувајте торта на почетокот од роденденската забава. Овде тортата се служи на крајот од роденденската забава и откако гостите ќе ја изедат тортата си одат дома. Во Холандија работите се прават сосема спротивно.

12. Кога Македонците ќе ве поканат во нивниот дом, секогаш однесете нешто, независно дали е благо или солено, дури и кога одите на посета кај пријател. Тоа е како некое непишано правило на благодарност за нивната гостопримливост.

13. Бурек со јогурт се смета за добар појадок.

14. Не бидете изненадени кога ќе видите дека постарите генерации разбираат шпански. Порано многу гледале шпански серии и го научиле јазикот. Сега се чини дека сите гледаат турски серии, кои се многу лошо синхронизирани.

15. Речиси 40% од населението во Македонија ги троши последните пари во спортските обложувалници. А можете да најдете околу 800 обложувалници… Што е навистина лудо, бидејќи во Македонија живеат само 2 милиони луѓе!

(ВИДЕО) Црногорец застана да наточи гориво, а потоа направи нешто поради кое му се смее цел Балкан

На Фејсбук страната Подгорички времеплов, се појави снимка од кражба на бензинска пумпа што го насмеа целиот регион. Видеото покажува како постар човек од поголема градба со “брзи” движења прво го зема едното и другото шише од полицата пред влезната врата во пумпата, веројатно мислејќи дека никој не го гледа. Не знаеме каков епилог имаше оваа кражба во самата пумпа, но коментарите на Фејсбук се повеќе од закон.

(ВИДЕО) Кога Босанци ќе се скараат во Австрија: Извадил лопата од багажник и демолирал BMW

Расправијата на двајца Босанци во австрискиот град Леоберсдорф, завршила со страшно изживување над автомобил марка BMW.

Човекот кој го снимал овој настан е и учесник во расправијата и од почетокот му зборува на човекот со капата - "ајде, кажа, ајде сега". 

Мажот со капата некое време им одолева на провокациите, а потоа го отвора багажникот, вади лопата и го уништува автомобилот.

Не е јасно дали тука станува збор за одмазда, расправа или обложување, но едно е очигледно: штетата на автомобилот е таква што ќе бидат потребни многу пари за поправка.

Снимката се појавила на Фејсбук и за 20 часа ја погледнале повеќе од 200.000 луѓе.

Скопјанка: Ова утро в автобус две тетки беа доволни гласни за да започнам кавга

Рано насабајле накај работа цела стуткана во капут седнувам на горниот кат од 57ца.Пред мене две тетки размуабетени, си велам ова ќе биде долго патување од Радишани до Центар.

Знаеш син ми наполни 21 година не се запиша на факултет, ете заврши средно.Си станува во 1 попладне обавезно мора да го чека доручекот на маса ако не веднаш ми се јавува и почнува да ме критикува.О, па ако не му се испеглани алиштата одма се лути.

Па како така толкав маж од мајка му да чека што не го тераш да работи ете кола сте му купиле нека врти такси, може да работи на пумпа, маркет..

Молам за 15 илјади, па не си го пуштам детето да ми мрзне или не дај боже како таксит некој да го изнатепа, нека си седи дома.

Се изнервирав слушаќи ги, не можев да се воздржам беше посилно од мене и се обратив на тетката која го штитеше синчето.

- Се извинувам госпоѓо ме гледате мене јас имам завршено Правен факултет со просек од 10.00 точно на време дадени испити. И да ви кажам секое сабјле се мрзнам чекајќи автобус до работа патувам 40 минути низ гужвиве, работам 8 часа, честопати прекувремено, нема да ме прашате колку зимам плата?Госпоѓата подголтна, занеме...Платата ми е 12 илјади, а некогаш на газдата ќеиф му е да ни скрати и по 2000 денари, без да ни каже зошто. Се повлеков и ставив слушалки на уши, жената се сврте напред и престана да збори.

Се прашувам зашто некои луѓе сами си ги прават децата да им бидат неспособни.Па уште ги охрабруваат да не се мачат.На секој ќе му биде убаво да лежи дома до 1 попладне и со прст да не мрдне зашто тато и мама ќе му дадат.

Не разбирам, но очигледно дека со ваков однос, без амбиција, работно искуство мислат дека ги чека директорска позиција?

Популарно