Шилегов и Грчев ќе го рушат пола Скопје!

По Ќосето, следни на листата за дислокација се споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија, порта Македонија, споменикот Мајка Тереза чија градба е веќе стопирана.

За нив веќе се готови елаборатите. А од вчера е предаден за мислење и елаборатот за споменикот на Филип Втори, потврди за Алфа Мирослав Грчев, кој раководи со ова тело. Според него од Комисијата нема да куртули ниту споменикот на плоштадот ВМРО, а одговорност ќе се барало и за фасадите низ централното градско подрачје.

Ама затоа споменикот на „Скендербег“, а и тој на УЧК кој никна во скопски Чаир, нема да биде ниту предмет на разработка бидејќи како што вели Грчев тој бил една друга приказна.

Според Грчев на тапет се ставени и една цела група од 30-тина скулптури кои претходеле на проектот, а биле поставени од 2008-2010 година. Вели во најголем дел целиот проект најголемото прекршување го имал со заобиколувањето на Уставот, но и ненаменското трошење на средства.

Според координаторот на работното тело, нивната надлежност била да се испитуваат поставените споменици од Скопје 2014-та, ама ако сме се враќале наназад требало да се разгледува и Крстот на Водно, кој бил поставен непосредно пред Скендербег, ама тоа не било предмет на нивната работа.

Инаку вчера градските власти го симнаа споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред комплексот судови и го вратија во Металскиот Завод Тито, од каде донаторите, во случајот Здружението на сетинци, попадинци и крушоради од Лерин треба да си го подигнат. Во спротивно Градот Скопје ќе го продаде, така барем кажа градоначалникот Шилегов. Се обидовме да стапиме во контакт со претседателот на Здружението, Ташко Јованов, но не одговараше на нашите повици.

Историчари за Алфа веќе неколкупати предупредуваат наместо да се прави политизација на споменичните обележја, надлежните институции да го слушнат мислењето на стручната фела околу заложбите на историските личности и оправданоста денеска тие да добијат споменици. Сметаат дека ваквиот чекор испраќа лоша слика за Македонија кон останатите земји дека кај нас се е минливо и може да се менува.

За една недела отстрането 91 непрописно паркирано возило во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје од 2 септември до 8 септември годинава со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 91 непрописно паркирано возило поради попречување на нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

ЈСП: Неделен возен ред в сабота и понеделник

Од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информираат дека по повод државниот празник „8 Септември“ - Ден на независноста, в сабота и во понеделник ќе се работи по неделен возен ред.

За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.

- Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10 до 20 часот. Притоа, од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. Во понеделник, 9 септември, жичницата нема да биде во функција, се наведува во соопштението на претпријатието.

Утре делови од Кисела Вода, Карпош, Чаир и Гази Баба без струја

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, на ден 05.09.2024 година без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 09:00 до 10:00 часот ул. „Мишко Михајловски“ во Кисела Вода;

Од 09:00 до 13:00 чasoт дел од ул. „Копачка“, општина Карпош;

Од 08:00 до 11:00 часот дел од ул. „Крсто Арсенов“, дел од ул. „Добри Даскалов“ и дел од ул.„ Емин Дураку“ во општина Чаир и

Од 08:00 до 15:00 чasoт дел од корисниците на нас. Чукур нас. Трубарево, општина Гази Баба.

Популарно