ФОТО: Ова е убиениот кој фрли бомба на полициските Тигри

Бегалецот кој денеска во раните утрински часови, по куса престелка со полицијата беше усмртен кај тетовското село Ларце, е 38-годишниот Јетон Реџепи бил припадник на ОН пишува порталот Досие, а во судирот со полициајта бил тешко вооружени, пишува порталот Tetova.sot.

Триесет и осумгодишниот Реџепи бил баран со внатрешна и меѓународна потерница за издржување казна вкупно 26 година и 10 месеци по шест кривични пријави за 16 тешки дела, од скопското и тетовското јавно обвинителство. Извесно време минал во затвр, но поради лекување бил пуштен на домашно лекувње но во меѓувреме изврпил нови тешки кривични дела и едно разбојништво. Претходно бил осудуван за убиство, за обид за убиство, киднапирања и серија вооружени и тешки грабежи.

На денешниот обид за негово апсење претходеле четири слични полициски акции, но Реџепи секогаш успевал да избега давајќи активен отпор со употреба на различни видови оружје против полициските слу/беници. Имајќи предвид дека бил опасен по околината, полицијата за неговото приведување подготвила специјална акција. Тој се обидел да избега од неговиот дом фрлајќи рачна граната кон полициските специјалци, опремен со панцирен заштитен елек, вооружен со автоматска пушка „калашников“, пиштил ТТ со калибар 7,62, четири полни магацини со муниција и четири рачни бомбаи. По повторниот обид да фрли граната кон полицајците одговориле со оган при што бил смртно застрелан,

На местото на настанот работата истражни екипи на Јавното обвинителство Тетово, стручни лица од судска медицина и експерти од Министерството за внатрешни работи.

Голема трагедија: Почина бебе во охридската болница

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе.Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови  било донесено во Итната медицинска помош во бесознание но веднаш потоа било препратено во оделението за анестезиологија во општата болница во Охрид за докторите да пробаат негова реанимација но и покрај нивните обиди не успеале бебето да го вратат во живот.Настанот го потврди оортпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Полицијата работи на расветлување на случајот ,извршен е увид а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.Докторите не откриваат кои се причините за смртта на новороденчето се чека да заврши обдукцијата .

Расчистено двојното убиство во Стајковци

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.К.(66) од скопското село Стајковци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Како што информира денеска МВР, Љ.К. се сомничи дека на 14 мај 2024 во домот во село Стајковци со метален предмет ги нападнал неговиот брат В.К.(64) и неговата снаа С.К.(57), кои од здобиените повреди починале на местото. 

Лицето било изведено пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена. 

Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари

На 16.05.2023 во 16.00 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од Отсекот за општ криминал и Полициската станица Штип при СВР Штип ја лишиле од слобода Џ.С.(23) од Кочани. Таа се сомничи дека на 15.05.2024 извршила кривично дело „разбојништво“ над Л.М.(69) од Штип, при што физички ја нападнала и ѝ ја одзела чантата со пари и документи.

Џ.С. била задржана во Полициската станица и во службен разговор го признала делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против Џ.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Популарно