Генералот Стојанче Ангелов: Саздо не го убија Албанците

Свирепо убиство – ништо помалку од ова треба да биде обвинението со кое Јавното обвинителство треба да продолжи да ги гони суровите и бездушни убијци, убијци што безмилосно до смрт го претепаа младиот Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“. Правдата мора да биде истерана до крај. По секоја цена, напиша на „Фејсбук“ лидерот на Достоинство, генералот Стојанче Ангелов.

„МВР ги пронајде убијците, двајца од нив веќе се во притвор, по третиот се трага и прашање на час е кога ќе заврши во притвор. Јавното обвинителство да обезбеди докази за преквалификување на делото во квалифицирано убиство, а судот да ги осуди убијците со најстрога казна. За никогаш повеќе да не ни се повтори. За никогаш повеќе ниту една мајка и ниту еден татко да не остане без своето чедо на ваков суров начин поради ваков нечовечен мотив.

На социјалните мрежи врие. Врие од тага, врие од бес, врие од омраза, врие од повици за одмазда. Но, да не заборавиме дека омразата раѓа нова омраза. Омразата се храни со омраза. Во овие тешки и болни моменти, кога безмалку целата држава тагува по Саздо, многу е важно да разграничиме дека Саздо не го убија Албанците. Саздо го убија злосторниците Б.Б., Ј.Љ. и С.Д. Три свирепи, злобни и сурови лица до смрт го претепаа Саздо.

Но, бесот, омразата и повиците за одмазда нема да го вратат Саздо. Напротив, може да доведат до смрт на некој друг млад човек. Затоа, апелирам до сите: Денес не е ден за ширење омраза, денес не е ден за заговарање одмазда. Денес е ден за жалење. Денес е ден за тага. Сите заедно да тажиме поради смртта на младиот Саздо. Да тажиме и да не заборавиме бидејќи време за акција има. Но, не одмаздничка акција, во која ќе настрадаат и други, туку акција со која ќе ја подигнеме општествената свест. Свеста дека омразата раѓа нова омраза. Свеста дека насилството носи ново насилство“, порача Ангелов на својот фејсбук профил.

ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места

Државната изборна комсија го поништи гласањето на 7 избирачки места. Ќе се се прегласува на 6 избирачки места во петтата изборна единициа и тоа на две избирачки места во Долнени, две во Крушево, едно во Струга и едно во Охрид.

Ќе се прегласува и на едно избирачко место во шестата изборна единица во општина Желино.

На сите овие избирачки места ДИК денеска ги разреши претседателите, замениците и членовите на избирачките одбори. Новото гласање ќе се организира во среда на 22 мај.

Седницата на ДИК следи откако вчера Управниот суд ги одби сите тужби поднесени од Европскиот фронт и ги потврди претходните решенија на комисија која утврди низа нерегуларности на сите 7 избирачки места. Ова според членовите на ДИК е доказ дека целиот процес е спроведен законски и покрај тоа што изминатиот период добиваа јавни навреди и закани за тужби токму од политички структури на Европскиот фронт. На денешната седница на ДИК не присустуваше единствено потпретседателката Шеху која доаѓа од редовите на ДУИ.

Прегласувањето во среда може да донесе и промени на освоените мандати. На пратеник повеќе во петтата изборна едница може да се надеваат од ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП, а во шестата изборна единица еден мандат повеќе може да добие Коалицијата ВРЕДИ.

(Фото+Видео) Федерер и Надал го турнаа интернетот со кампањата со Луј Витон

Луј Витон ја оживеа својата кампања за Основни вредности во која учествуваат Роџер Федерер и Рафаел Надал. Снимена од Ени Лејбовиц, кампањата ги доловува тениските легенди на италијанските Доломити, одговарајќи на ознаката „Има патувања кои се претвораат во легенди“. Тениските суперѕвезди се фотографирани и снимани на 3.000 метри. Роџер носи ранец „Монограм Кристофер“, а Рафа верзија „Монограм Еклипс“.

Знам колку светски икони биле дел од оваа кампања, така што за мене лично, да се биде дел од неа е нешто на што сум многу горд, особено што го споделувам со Роџер. Тој беше мојот најголем ривал и близок пријател денес.

- Рафа Надал

Единствена е можноста да се работи на оваа кампања со Рафа. Какви ривали бевме на теренот, а сега на крајот од нашите кариери да бидеме еден покрај друг правејќи ја оваа кампања, беше многу кул. И местото каде што се наоѓаме, мислам дека исто така кажува сè: на врвот на планините. За нас тоа е нешто значајно и посебно.

- Роџер Федерер

Голема трагедија: Почина бебе во охридската болница

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе.Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови  било донесено во Итната медицинска помош во бесознание но веднаш потоа било препратено во оделението за анестезиологија во општата болница во Охрид за докторите да пробаат негова реанимација но и покрај нивните обиди не успеале бебето да го вратат во живот.Настанот го потврди оортпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Полицијата работи на расветлување на случајот ,извршен е увид а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.Докторите не откриваат кои се причините за смртта на новороденчето се чека да заврши обдукцијата .

Популарно