Актерот Никола Којо во 2007 година се венчаше со манекенката Александра Ѓуриќ и од тогаш ужива во мирен брак.
Тие имаат три ќерки, а Никола е постар од својата сопруга 12 години и ретко во јавност зборува за приватниот живот.
Александра пред венчавката работеше како манекенка на модните писти во Париз, Милано и Рим, а пред да стапат во брак, тие двајца се забавуваа осум месеци.
Сепак, тоа што малкумина знаат е дека убавата манекенка се појави во спот на Здравко Чолиќ за песната „Моја драга“ и со својата убавина ги воодушеви сите.