ВО НЕДЕЛА: Хуманитарна ИТ трка во организација на СОС ДЕТСКО СЕЛО

IT4CHARITY 2022 продолжи со BIG IT RACE оваа година.

Проектот почна на 20 мај, а завршува на 25 септември со голема трка.

СОС ДЕТСКО СЕЛО е оранизатор на првата хуманитарна ИТ трка која ќе се одржи во Скопје на 25 Септември 2022 година.

На хуманитарната ТРКА учествуваат единствено ИТ компании кои преку финансиски донации за поддршка на работата на СОС Детско село овозможуваат нивните вработени да бидат дел од овој настан.

Трката почнува на 25 септември, недела во 09.00 часот, на вело патеката на Кеј кај хотелот Александар Палас, а ќе заврши во Ново Лисиче, кај Парк Авионче околу 13 часот.

Таму ќе се одржи 1 часовен настан кој што има за цел да ги зближи учесниците и нивните семејства кои ќе бидат поканети да ги пречекаат заедно со децата и младинците поддржани од СОС Детско село.

На самата локација на платото на Парк Авионче организаторот СОС Детско село ќе постави уникатни реквизити за спортски и забавни активности во кои ќе можат да уживаат сите посетители под мотото настан за семејството.

Концептот на проектот е: за секој поминат зелен километар од вработените, компанијата донира средства на СОС ДЕТСКО СЕЛО.

Цел е заеднички да собереме 30.000 ЕУР за поддршка на програмите на СОС Детско Село.

Сметки за донации

НЛБ Банка 210-0552173401-87

Шпаркасе Банка 250-1010002868-04

Почеток на трката

Бидејќи има две дисциплини, трчање и возење велосипед, има две времиња за старт на трката.

Првото време, каде што ќе тргнат велосипедистите, ќе биде во 09:15 часот

Второто време, каде што ќе тргнат трчачите, ќе биде во 9:30 часот

Финиш на трката

Прогласување на најдобри 3 места во дисциплина тркачи – машки пол/женски пол.

Прогласување на најдобри 3 места во дисциплина велосипедисти – машки пол/женски пол

За секој учесник ќе има благодарница од СОС Детско село за нивната заложба и учество во трката

Секоја година се поголем број на граѓани се приклучуваат во поддршката на СОС Детско село.

Многу донатори прават голема разлика во животот на децата од ранливите групи а во исто време секоја донација возвраќа на секоја индивидуа со радост, гордост и лично задоволство.

Благодарност до сите оние граѓани кои во текот на годината донираат дел од своето време и средства на СОС Детското село и на оние кои секој месец посветено донираат и овозможуваат континуитет на поддршката на оние на кои им е најпотребно.

Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути. 

Патот, којшто официјално е пуштен денеска, е во должина од 25,5 километри и е дел од Коридорот 8. Вкупната инвестиција е 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,50 милиони евра.

На експресниот пат има изградено три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини. Изградбата е почната во мај 2018 година, од интензивно се работеше во последните шест месеци.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски на официјалното пуштање во употреба, рече дека реализацијата на овој проект е резултат на тимска и координирана работа, а не резултат на само еден субјект. 

- Во јули 2024 година кога бев избран за директор на ЈПДП, на првата делница немаше ставено ниту еден сантиметар асфалт, а денес се фалат дека останале само завршните работи. Работите беа крајно забавени. Кога дојдов за директор на ЈПДП, за мене беше предизвик и затоа одлучив целосно да се посветам на овој проект и поставив цел да се заврши до крајот на 2024 година, задоцнивме само три дена, рече Трајановски. 

Посочи дека се планира и проектирање на нов експресен пат од Куманово до Страцин и изградба на клучка кај Гиновци. 

Премиерот Христијан Мицкоски, кој исто така присуствуваше на пуштањето во употреба на овој патен правец, рече дека овој пат не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку на граѓаните. 

- Имаше и такви кои денес направија политичка промоција и наместо да им се извинат на граѓаните дека не успеале во изминатите шест години да направат нешто, денес истрчаат да соберат политички поени. Сакам да порачам дека ова е пат на граѓаните, ова не е пат ниту на СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Кредитот ќе биде враќан од парите на граѓаните и затоа никој не смее да го присвојува, рече Мицкоски. 

Министер за транспорт и врски и вицепремиер Александар Николоски оцени дека овој патен правец е витална артерија за поврзување со Бугарија и посака да се развиваат нови индустриски капацитети и да заживее источниот дел од државата. 

Разбиена организирана група: Увозници, шпедитери и царински службеници шверцувале употребувани возила

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во превозни компании и царински службеници организирано вршеле кривични дела со употребувани возила, при што овие возила на нелегален начин биле ставани во промет и завршувале на авто-плацеви во Македонија без да се платат увозни давачки.

Запленети се 35 автомобили со вкупна вредност од 20 милиони денари, при што врз Буџетот на државата преку избегнување плаќање увозни давачки е нанесена директна штета во висина од 9 милиони денари. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на прес-конференција на која информираше за случаите.

Директорот притоа рече дека постои сомневање оти избегнатите давачки и штетата нанесена на Буџетот на државата е многу поголема, затоа што е голема веројатноста во изминатите години овие дела да се случувале повеќекратно.

„Досега, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени кривични пријави за 24 лица, 19 физички и пет правни лица, за сторени кривични дела: царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување. Со целосно завршување на предистражните и истражните дејствија, кривични пријави ќе следат за други лица, при што некои од нив ќе се теретат за повеќекратно извршување на исти или слични дела. Во однос на царинските службеници кои извршиле злоупотреба на службена положба и овластување, во тек се дисциплински постапки, по што ќе следат соодветни казнени мерки“, потенцира Николовски.

Поконкретно, во овие случаи, како што информира директорот, Секторот за контрола и истраги при Царинската управа утврдил грубо кршење на законските прописи. Сторителите на кривичните дела, кои биле учесници во добро организирана и разработена шема, изработувале фалсификувани придружни документи кои се потребни за завршување на царинската постапка и фиктивно гo раздолжувале транзитот без притоа да спроведат царинска постапка. Така, без да бидат платени царината и другите увозни давачки, возилата биле пуштани во слободен промет и истите завршувале на различни авто – плацеви во државата.

Николовски порачува дека нема да има простување, и оти се става крај на организираниот криминал и корупцијата. Откривањето на овие случаи, вели, е само почеток од она што следи, при што ќе продолжат со исто и засилено темпо кон откривање и спречување на сите вакви криминални појави и со зголемување на приходите во Буџетот.

Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање за краток коментар во врска со изборот на новиот претседател на Судски совет, изјави дека нема коментар и нема што да дополни на тоа што се случува, туку останува да видиме како тој ќе работи.

-Немам коментар. Пречесто некако коментираме, па пречесто експертите ги коментираат нашите коментари. Јас немам што да кажам ниту пак да дополнам на тоа што се случува. Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет, рече Мицкоски, кој денеска присуствуваше во Радовиш, на пуштање во употреба на спортска сала „25 Мај“.

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на 510-тата седница со 13 гласа го избра судијата Александар Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола и беше избран за член на Советот во јуни минатата година.

Мицкоски пред Нова година изјави дека се размислува за неколку потези после празниците во однос на Судскиот совет. -Размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи тогаш на новинарско прашање дали се планира разрешување на оние членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

Премиерот исто така тогаш кажа дека „луѓето кои имаат доверба од граѓаните од два отсто, не ја заслужуваат платата којашто ја земаат“.

Популарно