Антониа Гиговска стана мајка

Mакедонската популарна пејачка Антониа Гиговска стана мајка за прв пат.

Нејзиниот сопруг Роберт Спасенцоски преку својот Фејсбук профил ја сподели радосната вест. Имено тој објави дека станал татко.

„Станав татко. Фала ти господе за оваа среќа“, напиша тој.

Инаку Антониа на свет донесе момче.

Еден од најпознатите хитови на Цеца не е посветен на Аркан

Светлана Цеца Ражнатовиќ има повеќе од успешна кариера, а старите хитови и ден денес се пеат. Секако една од најпознатите песни на Цеца е “Пустите ме да га видим” од 1990. година, а поради оваа балада публиката на сите концерти рони солзи.

Меѓутоа она што е помалку познато е тоа на кого ја посветила оваа песна Цеца. Иако години наназад се зборува дека песната му е посветена на Аркан, вистината е дека се работи за друг човик. Се работи за поранешен дечко на Цеца, фудбалер на Црвена Ѕвезда Владан Лукиќ.

Како што се зборува, Цеца и Владан наводно биле и верени, а до разделба дошло поради заминувањето во војска на Владан.

Инаку ќерката на Владан правела свадба во саботата, а на веселбата пеела Цеца. Она што е занимливо е тоа дека Цеца тогаш проговорила за врската со Владан.

– Јас дојдов тука преку врска од 30 години, кога јас и Владан се запознавме, тој знаеше со кого треба да се забавува, со пејачка. Шала на страна, Сара сакала денеска да пеам јас. Гледам дека сте добро расположени – искоментирала Цеца.

Брена на Јамајка се сликала со омилениот глумец

Лепа Брена не је крие среќата и радоста бидејќи имала можност да се фотографира со него. Нејзината насмевка зборува се.

 

Jamajca🙋‍♀️🙋‍♀️🙋‍♀️🙋‍♀️🙋‍♀️

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Брена се наоѓа на Јамајка. А знаете кој исто така таму се наоѓа?

Па, Андреја Милошевиќ!

 

Moj omiljeni glumac💋👍Andrija Miloševic❤️🙋‍♀️💋

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Андреја и Брена направиле заедничко селфи кој го објавила пеачката со коментар:

"Мојот омилен глумец".

Покрај Андреја Милошевиќ и неговата девојка Сандра, во истиот хотел со Брена и Бобо се Александра и Филип Живојиновиќ.

 

Jamaica😍👍❤️

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Судејќи по нивните насмевки одлично се забавуваат.

Аца Лукас во Скопје заедно со Мира Шкориќ на спектакуларниот пред-новогодишен концерт

Најголемата балканска и регионалана ѕвезда Аца Лукас на големо се подготвува за скопскиот спектакл закажан за 25 декември во салата Борис Трајковски.

Опремата за концертот веќе е во Македонија, а како што најавуваат од продукцијата задолжена за настанот, Аца Лукас покрај големиот бенд и гостите, најавува и најсофистицирана аудио и видео опрема која ќе го надополни пред-новогодишниот амбиент.

Она што е ново, тој на социјалните мрежи ја објави и неговата специјална гостинка Мира Шкориќ која заедно со него ветуваат мега забава и предновогодишно загревање...

- Со Мира ќе биде лудо. Многу се радувам што доаѓа во Скопје, затоа што ќе биде вистинска забава. Кој ја слушал знае, плус со мене е тоа е веќе нешто за што ќе се зборува. Жал ми е што неможе да ме придружува на секој концерт, ама еве за Скопје ми се посреќи и едвај чекам да дојде 25 декември– изјави Лукас.

 

Тој пред македонската публика со својот оркестар ќе ги отпее добро познатите хитови, но ќе ги изведе и новите песни кои секоја недела ги промовира по објавувањето на филмот Покидан а кои се во функција на загревање пред новогодишните празници.

 

Целиот концерт е замислен како

предновогодишна забава, а на располагање се вип карти и билети за следење на спектаклот кои веќе можат да се набават преку https://mktickets.mk/event/aca-lukas-skopje/


Познавајќи го Лукас журката на 25 декември во Борис Трајковски ќе биде загарантирана..

Популарно