Нови фосилни наоди: Пронајдени фосилизирани пчели стари 3.000 години

Нови фосилни наоди на југозападна Португалија даваат поинаков поглед во далечното минато поврзано со пчелите. А, научниците од Универзитетот на Севиља, Шпанија, тврдат дека овие прастари фосилизирани инсекти може да понудат вредни информации и за борбата против климатските промени денес.

- Откривање и толкување на еколошките причини за присуството на оваа популација на пчели може да ни помогне да разбереме и да создаваме стратегии за отпорност на климатските

промени, како што е споредбата на еколошката нерамнотежа предизвикана од природните параметри и како тоа влијае на денешните пчелни видови, заклучува главниот и одговорен истражувач Карлос Нето де Карваљо.

Истражувачите ги пронајдоа неверојатно добро сочуваните пчели сè уште во нивните кожурци, објави „Стади фајндс“ (Study Finds).

Најновиот научен труд објавен и во „Нејчр ворлд њуз“ посочува подробни информации за густо собраните илјадници фосилизирани гнезда во Португалија. Повеќето од овие гнезда му припаѓаат на видот „Palmiraichnus ichnogenus“. Во написот се наведува дека наоѓањето пчели во толку добро сочувана состојба е „исклучително ретко“, особено ако се земе предвид дека скелетите на овие инсекти обично брзо се распаѓаат. Ова неверојатно ниво на зачуваност му овозможи на истражувачкиот тим успешно да го одреди видот пчели, нивниот пол, па дури и нивото на полен што го оставиле нивните мајки за време на создавањето на кожурците.

Пчелите се исклучително важни за екосистемот на Земјата. Поточно, тие се клучната група инсекти што служат за опрашување, којашто опфаќа над 20.000 различни видови. Околу три четвртини од сите видови диви пчели се гнездат во почвата и поголемиот дел од својот животен циклус го минуваат под земја, што помага да се зачуваат нивните гнезда.

- Пчелите се опрашувачки инсекти и како такви се неопходни за екосистемите, бидејќи секое намалување на нивниот број директно би влијаело на биодиверзитетот... Поточно на бројните видови растенија и животни кои директно или индиректно зависат од нив, вклучувајќи ги и луѓето. Знаеме, на пр., дека пчелите тие опрашуваат 70 отсто од културите што луѓето ги консумираат и 30 отсто од она сао коешто добитокот се храни. Човечка активност, како што се интензивното земјоделство, употребата на пестициди и инсектицидите, како и климатските промени, создаваат состојба каде што по еден на секој десет видови пчели во Европа им се заканува исчезнување, нагласи Фернандо Муниз, професор од Катедрата за кристалографија, минералогија и земјоделска хемија при Универзитетот.

Но, овој наод неизбежно го поставува и прашање - кои биле можните причини и фактори во природната околина што довеле до угиннување на толку голем број пчели? И, зошто тие примероци останале во така добро сочувана состојба за 3.000 години?

Иако истражувачите сè уште не можат со сигурност да кажат што ја предизвикало смртта на пчелите, се претпоставува дека недостатокот на кислород предизвикан од поплави, како и падот на ноќната температура, можеби биле клучни фактори за тоа. Се смета и дека југозападниот брег на Португалија доживеал малку постудени периоди со повеќе врнежи во текот на неоглацијалната зима, што би создале погодни климатски услови за формирање на такви фосили. 

Исповед на научникот: Не сум се туширал 12 години, а телото го мијам со бактерии!

Инженерот Давид Вајтлок, кој не се туширал 12 години, на себе има милијарди добри бактерии поради кои, како што тврди, потта не смрди.

Човечката пот функционира на сосема ист начин. Се претвора во амонијак кој смрди, но може да се неутрализира со присуство на овие бактерии. Единствен проблем во тоа е што повеќето од нас, поради редовната хигиена, на своето тело немаат добри бактерии.

Инженерот Вајтлок на себе, по 12 години, има милијарди добри бактерии. Го прска своето тело со АОБ бактерии коишто ги набавува во кокошарниците, свињарниците и шталите.

Исклучок кај Вајтлок се рацете кои ги мие со сапун само во два случаи: пред јадење и по одење во тоалет.

Налудничавата идеја да не се тушира, хемичарот Давид Вајтлок ја добил кога девојката го прашала поради што коњите се валкаат во кал и прашина. Од тој момент поминале 12 години, а Вајтлок капењето го заменил со прскање со спреј кој содржи амонијак-оксидирачка бактерија (АОБ).

Вајтлок го заинтересирало влијанието на микроорганизмите кои живеат во земјата, реките, океаните и на телото. Многу брзо открил дека овие животни се валкаат во калта за да осигурат доволно бактерии на своето тело и на тој начин да и оневозможат на сопствената пот да изгние и да смрди во текот на топлоте летни месеци.

Знаете ли кои личности се во поголема опасност да бидат каснати од кучиња?

Мажите се на двојно поголем ризик од каснување од кучиња отколку жените, откри новото истражување. Истражувачите од Универзитетот во Ливерпул, Англија, истражувале 694 лица во 385 домаќинства и исто така откриле дека анксиозните (возбудените) луѓе се на поголем ризик да бидат каснати од куче. Истражувачите сакале да откријат колку луѓе меѓу испитаниците биле гризнати од куче и дали била потребна лекарска помош, како и дали жртвата го познавала кучето, кое ги гризнало. Научниците ги мереле и аспектите на личноста на испитаникот, вклучувајќи емотивна стабилност, а едно од прашањата било дали жртвата чува куче. Резултатите покажале дека еден од четири испитаници биле каснати во минатото, а дека поголема е двојно веројатноста маж да биде гризнат од куче, отколку жена. Веројатноста куче да гризне личност, која има неколку кучиња е три пати поголема во однос на луѓето кои никогаш не чувале такво милениче, а половина од каснатите испитаници не ги познавале кучињата. Болничките податоци покажуваат дека стапката на гризнување на кучиња е 740 на 100,000 луѓе, но истражувањето над испитаниците покажале дека таа стапка е поголема од официјалната, поточно 1,873 на 100,000 луѓе. Еден испитаник од три кој претрпел гризнување од куче побарал медицинска помош, но само 0,6% од случаите биле хоспитализирани. Интересно е тоа што постои врска помеѓу личните карактеристики и ризикот на каснување од куче. „Иако ова беше мало истражување, резултатите даваат некаква слика за проблематиката при гризнување на куче и влијанието на јавното здравје“, изјавија истражувачите.

Видео: Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг

Властите во Хонг Конг соопштија дека откриле фосили од диносауруси на зафлен и ненаселен остров кај градот. Ова е прво такво откритие во овој град во Кина.

Наодите се откриени на островот Порт во Глобалниот геопарк на УНЕСКО во североисточните водни делови на градот. Фосилите најверојатно биле дел од голем диносаурус од периодот Креда, т.е. пред околу 145 до 66 милиони години. Ќе се спроведат дополнителни истражувања за да го потврдат типот на диносаурус. Островот Порт е затворен за јавноста до дополнително известување за да се олеснат идните истражувања и ископувања, се вели во официјалното соопштение.

-Откритието е од големо значење и дава нови докази за палеоеколошките истражувања во Хонг Конг, рече секретарот за развој на градот, Бернадет Лин Хон-хо.

Фосилите ќе бидат изложени денеска во еден од трговските области во Хонг Конг.

Професорот Мајкл Питман, палеонтолог од Кинескиот универзитет во Хонг Конг, рече дека „откритието е возбудлив лучај“ за градот, кој долго време беше домаќин на опсежни истражувања за диносаурусите, но се согласува дека наодите допрва треба да е потврдат.

-Хонг Конг е познат по обликуваниот пејзаж, но половина од сѐ тоа е „селски парк“. Во руралните области, повеќето од она што го гледате се карпи од ерата на диносаурусите, но тие се вулкански карпи – и тоа се лоши места за наоѓање фосили бидејќи фосилите едноставно „се топат“. Но, островот Порт е еден од островите каде што има карпи од ерата на диносаурусите од соодветниот вид и – вистинска средина, појасни проф. Питман.

Кина е една од четирите земји кои водат истражувања за диносауруси – заедно со САД, Канада и Аргентина. Во таа смисла, досега десетици илјади јајца од диносаурус се пронајдени во областа Гуангдонг, каде што се наоѓа Хонг Конг.

-Се надевам дека, гледајќи ги овие фосили, ќе видиме разлики со оние од некои од познатите наоѓалишта во Кина, како Сечуан и Јунан. Тоа може да раскаже навистина занимлива приказна за биогеографијата на животните, рече Питман.

Владата вели дека ангажирала научници и од континентална Кина за да спроведат истрага на тој терен. Властите, исто така, планираат да се отвори привремена работилница за јавноста за набљудување на стручната подготовка на фосилни примероци до крајот на 2024 година.

Популарно