Обратете внимание Неверствата најчесто се случуваат на овие места и среде бел ден

Најголемиот број љубовни афери се случуваат на работното место, дури 55 отсто од испитаниците на една неодамнешна анкета тврдат дека првиот пат надвор од бракот им бил со колега или колешка.

Иако многумина би очекувале прељубниците да бараат љубовници на места како што се клубови, ресторани, ноќни барови, истражувањата покажале дека најголемиот број на афери се случуваат на работното место во работно време.

Исто така, ова истражување открива кој повеќе изневерува денес, жените или мажите, објави Информер.

Денеска жените изневеруваат речиси исто колку и мажите, покажува истражувањето. Најновата статистика покажува дека 57 отсто од мажите ја изневеруваат својата поубава половина. Дека ни жените не се далеку од таа бројка доказ е податокот дека 54 отсто признале брачна измама или неверство во врска.

Исто така, тие се оние кои бараат развод почесто од мажите. Доволно е да се спомене дека во просек 71 отсто од разводите се иницирани од жени.

Па зошто жените изневеруваат?

69 отсто од нив признале дека одлучиле да изневерат бидејќи повеќе не добиваат подароци или знаци на внимание од партнерот, пишува британски „Експрес“.

Алармантни бројки: Само 50% од децата во некои скопски општини се вакцинирани против морбили

По случајот со морбили кај 12-годишно дете од Долно Коњаре во Општина Петровец, епидемиолошките служби и Институтот за јавно здравје ќе реагираат со пребарување на невакцинирани лица, со кампањи и одење на терен, како и во училиштата на таа територија, најавува проф. д-р Кети Ставриќ, имунолог и член на Комисијата за имунизација.

Во гостување на ТВ Сител, проф. д-р Ставриќ вечерва рече дека тоа ќе се прави за да се спроведе директна вакцинација и да се вакцинираат сите деца кои не се вакцинирани, но и да се поканат под итно на вакцинација децата на помала возраст кои ја имаат пропуштено.

Во однос на тоа колку е голем ризикот 12-годишното дете да ја проширило  заразата, посочи на релативно нискиот опфат со имунизација во Скопје. 

-Постои многу висок ризик децата кои не се вакцинирани да дојдат во контакт со ова дете кое веројатно било и во болници, лаборатории, бидејќи се правеле анализи. Тие што не се вакцинирани, доколку дошле во контакт со него може да заболат, рече Ставриќ.

Како што нагласи, се уште се бориме да го подигнеме опфатот со вакцинација од над 90 проценти, а само опфат од 95 проценти може да не заштити.

-За жал,  опфатот се уште е низок, со првата доза е 73 проценти. Скопје е проблематично бидејќи има одредени општини како Аеродром и Центар  каде се загрижувачки бројките и се вакцинирани можеби 50 проценти од децата, рече Ставриќ.

Посочи и на случајот со морбили во Пробиштип и предноста што таму опфатот на вакцинација беше  95  проценти.

-Од примањето на првата доза од вакцината треба да поминат барем три недели за да одреагира организмот со создавање на антитела кои ќе го заштитат, потсети Ставриќ, истакнувајќи дека покрај доенчињата како најризични, висок е ризикот и за трудниците и постарите лица.

Ова се симптомите на болеста од која почина легендарниот Бора Чорба: И најмала настинка го става телото во состојба на шок

Кога пред една година беше откажан концертот на Бора Ѓорѓевиќ поради неговата болест, сите беа загрижени. Во таа прилика уметникот признал дека има пневмонија и дека веќе некое време се бори со низа здравствени проблеми.

Во една од неговите понови песни, Бора напиша дека „пати од разни болести“.

„Навистина не ми се допаѓа што стареам, станувам мрзлив старец, не живеам, само преживувам и патам од разни болести... Тука се чувствувам како и сите странци, додека ги одработувам последните денови, ги држам сите на дистанца и си досадувам себеси“.

Што е опструктивна белодробна болест?

Хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) најчесто се јавува како резултат на долги години вдишување на штетни материи од чадот од тутунот. Тоа е хронично белодробно заболување кое резултира со ограничен или намален проток на воздух во белите дробови поради оштетување на дишните патишта, најчесто на белодробните алвеоли. Од оваа болест најчесто заболуваат повеќедецениските пушачи постари од 40 години од двата пола.

Најчестите симптоми се:

- отежнато дишење

- чувство на недостаток на воздух или останување без здив при физички напор или носење товар

- потешко и подолго закрепнување по настинка

- кашлица

- искашлување густ секрет

- во потешки случаи доаѓа до здружување на болеста со воспалителна реакција на белите дробови

Од ХОББ најчесто заболуваат пушачите или поранешните пушачи, луѓето кои живеат во куќи каде греењето е на печка или оние кои работеле на места каде има многу прашина и чад.

За лекување на ХОББ се користат лекови кои ги елиминираат симптомите со проширување на дишните патишта, смирување на воспалението и инфекцијата, а доколку е потребно и други лекови за зајакнување на силата на срцевиот мускул. За третман на оваа болест се користат аеросоли, т.н. пумпи со помош на кои лекот се внесува со вдишување.

Во напредна фаза на болеста, кога кислородот во крвта е значително помал, на пациентите им се препишува долготрајна оксигенотерапија во домашни услови. Тоа значи употреба на кислород преку уред наречен концентратор на кислород во домашни услови. Пациентот е на постојана оксигенотерапија најмалку 16 часа дневно.

Драма во авион: Пијан патник се обиде да влезе во кокпитот, тврдејќи дека знае подобро да управува од пилотот

Еден пијан патник се обиде да влезе во кокпитот на авион на компанијата „ИзиЏет“ на висина од 10.000 метри, тврдејќи дека пилотот е „некомпетентен“ и дека тој знае подобро да управува со леталото, но екипажот и патниците успеаја да го совладаат.

Авионот, кој полетал од аеродромот „Гатвик“ во Лондон кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен.

Патниците и персоналот кои се бореле со него го собориле на подот, по што добиле аплауз од исплашените патници, пишува весникот „Сан“. По слетувањето во Минхен, германската полиција го уапсила, а патниците ја поминале ноќта во хотели.

Еден од патниците изјавил дека персоналот на авионот се однесувал одлично, но дека „драмата била многу вознемирувачка“.

Од компанијата рекоа дека ваквите инциденти се ретки и дека не толерираат несоодветно или заканувачко однесување.

Популарно