Косовско Претседателство: Случката со Османи на скопскиот аеродром е чиста провокација и намера да се предизвика инцидент

Претседателството на Република Косово во петокот излезе со соопштение до јавноста во кое ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“ по инцидентот со претседателката Вјоса Османи на скопскиот аеродром, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението по повод инцидентот се наведува дека Османи единствено одбила да го даде на скенирање својот телефон, кој го користи како шеф на државата за официјални комуникации и за прашања од националната безбедност.

-Наместо да побара извинување, вчера и денеска (четврток и петок) Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија целосно го оправда барањето на аеродромското обезбедување да го земе и скенира личниот телефон на претседателката на Република Косово, кој шефот на државата го користи за официјални комуникации и за прашања од националната безбедност. Претседателката со право одби такво нешто, врз основа на советите кои со години ги добива од самите безбедносни институции. Всушност, денеска скопскиот аеродром, како и самото Министерство за внатрешни работи, признаа дека наредбата е дадена од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија за ваква контрола, што е целосно во спротивност со правилата за постапување со шефовите на држави според дипломатските практики, се вели во соопштението на Претседателството.

Понатаму, оваа институција дава опис на инцидентот и ги споменува меѓународните практики. Претседателството наведува дека македонската страна претходно била официјално известена за патувањето на претседателката согласно дипломатските практики.

-Не е точно дека претседателката одбила да ѝ се скенира чантата. Прво, претседателката немаше багаж како што се пропагира во бројните реакции во медиумите во Северна Македонија. Значи, лага е дека одбила да ѝ го проверат багажот. Имаше лична рачна чанта која веднаш ја стави во скенерот, иако обезбедувањето, според практиката на меѓународната конвенција, немало право да бара такво нешто. Единственото нешто што претседателката одби да го предаде е нејзиниот телефон, се вели во соопштението на косовското Претседателство.

Во него се демантираат тврдењата дека претседателката имала „нешто сомнително во нејзината чанта“.

-Не само што е голема невистина, туку истовремено е и најсериозното обвинување и најсериозната пропаганда што досега медиумите во Северна Македонија ги упатиле кон Република Косово. Уште поскандалозно е денешното соопштение на МВР дека министерот за внатрешни работи на Северна Македонија имал некакви сознанија кои довеле до барањето да се провери личната чанта и телефонот на претседателката. Ова е невидена тенденција за оцрнување не само на претседателката, туку и на државата Косово. Северна Македонија треба да има предвид дека ваквата пропаганда се прави против една претседателка, која во текот на целиот свој мандат придонесе единствено за продлабочување на позитивните односи меѓу Косово и Северна Македонија.

Претседателството на Косово барањето за одземање на телефонот и негово ставање во скенерите го смета за однесување надвор од секаква пракса и протокол.

-Вчерашната ситуација на скопскиот аеродром не може поинаку да се објасни ниту да се оцени освен како чиста провокација и намера за предизвикување инцидент. Наместо изговори и дозволување пропаганда против Република Косово, бараме од официјалните власти во Скопје итно да го третираат случајот со висока сериозност и да преземат соодветни мерки против службените лица кои го извршија овој напад на Република Косово, порача косовското Претседателство.

Патникот имал билет, екипажот ги прекршил правилата

36-годишниот Андонис Кариотис, загина синоќа во бизарна несреќа кога членовите на екипажот на траектот „Блу хоризонт“ го турнаа во морето во Пиреја. Неговиот брат Никос Кариотис во реакцијата што ја пренесуваат грчките медиуми, изрази шокираност и не може да поверува дека Антонис исчезнал за неколку секунди на патувањето на кое често одел.

Тој за весникот Прототема открива дека неговиот брат извадил билет за кобното патување, но задоцнил при пристигнувањето на пристаништето.

-Не би одел без билет. Имаше билет и доцнеше. Како што разбрав, задоцнил на пристаништето и не го пуштале на траектот. Замина на одмор во Атина. Често патуваше, со години одеше на прошетка во Атина да се ​​види со пријателите. Секогаш имаше пари за билет. Тој работеше овде, на Агиос Николаос – вели братот на 36-годишниот патник што загина синоќа.

Според првичните информации, мажот имал билет за траектот што патувал од Атина за Ираклион на Крит, но задоцнил и усеал да се качи во последен момент кога траектот го напуштал пристаништето, но тогаш бил брутално турнат од луѓето од екипажот во морето од акде подоцна е изваден мртов.

Инцидентот на траектот во Атина бил снимен од еден од патниците. На видеото се гледа како 36-годишниот маж се обидува да се качи на бродот и успева да скокне на рампата непосредно пред поаѓањето на траектот по што влегува во физичка пресметка со двајца мажи од екипажот и паѓа во морето во моментот кога траектот веќе го напушта пристаништето.

Четворица членови на екипажот се уапсени и обвинети за убиство од небрежност, а денеска ќе бидат сослушани во Обвинителството.

Според грчките медиуми, бродот се вратил назад дури кога еден од патниците, кој го снимил инцидентот, го известил персоналот на траектот, но никој не реагирал кога човекот паднал во морето.

-По трагичниот настан, не се преземени никакви планирани дејства за спасување на лицето што падна во морето. Во никој случај не фрлајте човек во морето кога ќе се качи на бродот, дури и да е бегалец. Одговорноста е целосно кај луѓето што биле на рампата, кои очигледно го турнале. Кога го виделе во морето, не ги почитувале пропишаните процедури за негово спасување. На брод што веќе плови никого не туркате назад и, дефинитивно, го известувате капетанот да го прекине процесот на пловење. Имаме процедура, вели во изјава за грчките медиуми, искусниот капетан Сидерис Мамидис.

ХЕРОЈ: Маж истрча од кола и му го спаси животот на момче кое се гушеше

Неверојатно видео од Србија на кое се гледа како маж од Обреновац во Србија му го спасува животот на момчето кое се гуше со брза реакција брзо се прошири на интернет и го воодушеви целиот регион.

Најблагодарна секако е мајката на едногодишното момче кое се враќало од лекар во Обреновац, кое било покрај себе кога на детето среде возење и се слошило. Марко Драгичевиќ потоа истрчал од вториот автомобил и го зел малото момче кое престанало да дише.

Тој се обидел да го реанимира, во што успеал по вештачко дишење. Како што пренесува српски Блиц.рс, се огласил и дедото на момчето.

– Се најдобро, човеку, ќе ти бидам благодарен до крајот на мојот живот! Прекрасен човек и вистински херој – рече Градимир В. во коментар на социјалните мрежи, а на бројните барања од граѓаните додаде дека на бебето сега му оди добро.

– Момчето е добро, слушнав од мајка му, се опоравува и нема никакви последици – потврди јунакот Марко, кој го легна детето на тревата за да го спаси.

На видеото може да се види и како другите минувачи застанале и избезумено гледале што се случува, а благодарение на Марко се се завршило добро.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите

Повеќе од 3.000 универзитетски професори од Србија потпишаа отворено писмо за поддршка на студентите во нивните протести и барања. Бројот на потписници постојано расте, наведува Бета.

„Одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, се вели во пораката на професорите. Тие остро го осудија секој обид на властите да ги заплашат студентите со јавно објавување на нивните приватни податоци и други форми на притисок.

Професорите упатија апел до надлежните институции да постапуваат совесно и одговорно во својата работа.

Популарно