Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција

- На 28.09.2024 во 16.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар, на паркинг позади угостителски објект, бил пронајден починат Т.Т.(43) од Велес, информира МВР.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Драма во Скопје: Маж со нож ги одзел децата од мајката во прифатен центар

24-годишниот А.Ш. од Скопје вчера бил уапсен од страна на полицијата на подрачјето на Гази Баба откако претходно бил пријавен дека околу 19:30 часот во прифатниот центар за бездомници во Визбегово со нож и со физичка сила ги одзел двете малолетни деца од својата 23-годишна вонбрачна сопруга.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава, објави МВР. Известен бил Центарот за социјална работа, а малолетниците биле вратени на мајка им.

Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче во тешка здравствена состојба е пренесен во болница

Боре Видевски, велешанецот кој е еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е пренесен на скопската клиника во тешка здравствена состојба, пренесува РСЕ повикувајќи се на адвокатот Бојан Манев.

Манев за РСЕ изјавил дека Видевски е со речиси откажан бубрег, бил неконтактибилен и префрлен во клиниката за нефрологија. Имал во минатото трансплантиран бубрег, а во затворот константно се жалел на болки.

Првично бил однесен во Градската болница „8 Септември“, по што го транспортирале на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Веднаш му е извршена дијализа, но според моите информации се уште е во лоша здравствена состојба.

Претпоставките се дека ќе треба подолго време да заздрави, што би можело да трае и повеќе од еден месец. Не знам што да ви кажам, бубрегот како да му е пред распаѓање, сепак дијагнозата треба да ја постават лекарите“, вели адвокатот Манев за РСЕ.

Популарно