ФОТО: Реновиран олимписки базен во Скопје со нова цена ShareСкопје на 8.2015Најголемиот затворен базен во земјава е целосно реновиран.Доби нови градерови туш кабини А реновирана е и летната тераса, а со платен билет добивате гратис лежалкаЦената за дневен билет е 250 денариShareTwitter Коментирај
За една недела отстрането 91 непрописно паркирано возило во Општина ЦентарСкопје пред една неделаЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје од 2 септември до 8 септември годинава со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 91 непрописно паркирано возило поради попречување на нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.ShareTwitter Коментирај
ЈСП: Неделен возен ред в сабота и понеделникСкопје пред една неделаОд Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информираат дека по повод државниот празник „8 Септември“ - Ден на независноста, в сабота и во понеделник ќе се работи по неделен возен ред. За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар. - Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10 до 20 часот. Притоа, од 19 до 19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. Во понеделник, 9 септември, жичницата нема да биде во функција, се наведува во соопштението на претпријатието.ShareTwitter Коментирај
Утре делови од Кисела Вода, Карпош, Чаир и Гази Баба без струјаСкопје пред 2 неделиПоради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, на ден 05.09.2024 година без електрична енергија ќе останат следните корисници: Во период од 09:00 до 10:00 часот ул. „Мишко Михајловски“ во Кисела Вода; Од 09:00 до 13:00 чasoт дел од ул. „Копачка“, општина Карпош; Од 08:00 до 11:00 часот дел од ул. „Крсто Арсенов“, дел од ул. „Добри Даскалов“ и дел од ул.„ Емин Дураку“ во општина Чаир и Од 08:00 до 15:00 чasoт дел од корисниците на нас. Чукур нас. Трубарево, општина Гази Баба.ShareTwitter Коментирај
Македонија Искрење од жици, запалена трева, стрниште и плевна причини за пожари - кривични за 4 битолчани
Балкан Вјоса Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции